27 Април, 2024
0.0291

Црногорскиот премиер Марковиќ: Македонската влада покажа дека е една од ретките која знае да решава комплицирани прашања

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, на отворањето на заедничката владина седница оцени дека неговата земја и Македонија ги делат истите вредности и ориентација на надворешната политика и дека двете влади мора да направат понатамошни напори во спроведувањето на проектите и поинтензивна економска соработка, така што резултатите би можеле да доведат до квалитетен напредок и валоризација на големиот потенцијал во бројни економски гранки.

"Драго ни е што сте тука и првата официјална посета на премиерот Зоран Заев во Црна Гора беше идеална можност да се собереме во Подгорица. Ова е, исто така, и првата заедничка седница на владата со друга земја што ја организираме во Црна Гора, што доволно зборува за важноста што ја придаваме на односите со нашите македонски пријатели. Црна Гора и Северна Македонија имаат многу заеднички нешта, почнувајќи од искуството на соживот во една иста земја, на фактот дека ние поминавме исто во клучните историски моменти на зачувување на мирот и темелите на државноста на нашите земји цврсто ги градиме на мултикултурализмот, мултиетничноста и меѓуверска толеранција. Северна Македонија е земја со која Црна Гора нема отворено прашање, а функционерите спроведуваат интензивен дијалог на сите нивоа", рече Марковиќ.

Тој додаде дека Црна Гора и Северна Македонија ги делат истите вредности и обврски за надворешната политика. Марковиќ ги истакна потребите на сообраќајните врски и интензивирањето на енергетската соработка.

Марковиќ рече дека владата на Северна Македонија се покажа како кредибилен партнер и покажала како со конструктивен пристап и лидерство може да ги реши најкомплицираните прашања, со желба да дојде до решение, земајќи ги во предвид истовремено виталните национални интереси.

"Тоа не се случува често на Балканот. Добрососедската соработка и европската перспектива на регионот немаат алтернатива, и во овој дух треба да се пријде на меѓусебните односи и да се решат отворените прашања. ... Убеден сум дека Европската унија ќе ги признае напорите кои Владата на Северна Македонија го постигна во последните две години, во решавање на отворените билатерални прашања со соседите, како и резултатите внатрешните реформи. И евалуацијата на она што е постигнато значи само едно - отворање на преговарачкиот процес. Во врска со ова, би сакал уште еднаш да потенцирам дека црногорското искуство стекнато во преговарачкиот процес е целосно на располагање на македонските институции ", рече Марковиќ.

Премиерот на Црна Гора како позитивен пример за ефикасна соработка меѓу двете земји ја истакна областа на евро-атлантската интеграција и рече дека Црна Гора е една од првите земји што го ратификуваа Протоколот за пристапување на Северна Македонија на 1 март 2019 година.

"Денешното потпишување на Договор за заштита и размена на доверливи информации е продлабочување на нашата соработка во областа на безбедноста и очекуваме дека односите меѓу двете земји во оваа област особено да зајакнат во време кога Северна Македонија ќе стане 30-ти член на семејството на НАТО", рече Марковиќ на отворањето на заедничката седница на двете владини делегации.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“