24 Ноември, 2024
0.0266

Д-Р АНДОНОВСКИ-ВАКЦИНАЦИЈА ЗА ДЕЦА ОД ПЕТ ГОДИНИ, НО ДОКОЛКУ ИМААТ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: Се очекува пристигнувањето на 10.000 вакцини за деца од 5 до 11

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Наскоро во земјава се очекува пристигнување на 10.000 вакцини за деца од 5 до 11 години против Ковид-19 кои се дел од набавката на половина милион дози на mRNA вакцините од производителот Фајзер предвидени за 2022 година. Дозите за возрасните, како што беше најавено пред крајот на 2021, треба да почнат да се испорачуваат од месец мај, додека за децата во првото тримесечје на годинава. Во Македонија, бројот на малолетници, односно деца од 12 до 17 години кои примиле вакцина против корона вирусот е некаде околу 6.000, но Комитетот за имунизација, се уште нема дадено прецизен одговор во однос на вакцинацијата на групата од 5 до 11 години.

На оваа тема Фактор разговараше со д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар кој вели дека вакцината има прејак имунолошки одговор и дека треба да се прилагоди доколку се дава кај деца од 5 годишна возраст. Американскиот Центар за контрола на болести се уште го очекува тој момент како би дало можен пас за да вакцината биде целосно одобрена по сите протоколи, посочува д-р Андоновски.

-Секаде низ светот се актуелизираше одредена потреба од можна вакцинација на деца и од 5 годишна возраст, а искуствата кажуваат дека секаде низ светот пристапот е различен. ФДА во Америка говореше уште минатата година во октомври околу одобрување на таа вакцина за примена и кај децата, а компанијата Фајзер, пак соопшти уште во Септември 2021 дека вакцината е безбедна за употреба кај децата, но сеуште немавме некое потврдно испитување или студија околу стабилноста и ефикасноста на вакцината кај деца под 11 год возраст. Информацијата која сеуште циркулира во научните кругови е дека самата вакцина има прејак имунолошки одговор и дека треба да се прилагоди доколку се дава кај деца од 5 годишна возраст. Центарот за контрола на болести се уште го очекува тој момент како би дало можен пас за да вакцината биде целосно одобрена по сите протоколи. Децата кои би биле вакцинирани би требале да добијат третина од нормалната количина на дозата за возрасен и дека би било доволно само едно ординирање на вакцината. За вакцинација на тинејџерите на возраст од 12 до 17 години која се одвива во многу држави ширум светот различни се ставовите на стручните лица и зависат од држава до држава. Имаме ставови на видни имунолози дека ваквцинацијата кај децата ќе треба да се одвива бидејќи пандемијата не е искоренета, како и мислења дека на децата не треба да се дава ништо доколку не е потребно. Како пример, во Германија научниот совет донесе одлука во Јуни 2021 вакцинацијата да е задолжителна кај таа возраст кај деца со големи здравствени проблеми, а подоцна при пикот се заострија и одлуките. Шведска воведе задолжителна вакцинација кај деца со белодробни болести и со астма, а и со други коморбидитети. Кина има вакцина за деца од 3 годишна возраст која е Синовак, Индија има вакцина која се дава преку апликатор, а не преку игла кај деца од 12 до 15 годишна возраст и само ќе го наведеме фактот дека сеуште нема некој цврст научен заклучок која е ефикасноста освен дека симптоматската манифестација од Ковид 19 е минорна и намален процентот на хоспитализација и компликација на клиничката слика, вели д-р Андоновски.

Познатиот педијатар во однос на ова прашање, а во пресрет на пристигнувањето на дозите за децата смета дека научната јавност во Македонија треба да се заземе сериозен пристап.

-Во нашата држава знаеме дека е дозволено доброволно вакцинирање, како на возрасните така и на децата. Процентот на вакцинирани бележи извесен пораст, но исто така имаме и доста заразени и кај ванцинираната популација. Секако дека кон децата, особено кон нивното здравје треба внимателно да и се пристапи, зошто тоа е се уште е осетлива тема. Моето лично мислење го декларирам постојано и следејќи ја и емпиријата и сите научни моменти како европските така и светските ќе заклучам дека треба навистина да пристапиме со голема сериозност и свесност кога станува збор за таков чекор, за да можеме во иднина да кажеме дека се е превземено кога станува збор за нивното здравје. Клиничката слика, при инфекција со ковид кај нив е блага, компликациите се ретки, температурата трае два до три дена, во некој случаеви е и повисока, но сепак не доаѓа до комплицирање и усложнување. Оваа лесна клиничка слика е нормално за здравите деца. Доколку говориме за деца со проблеми во здравјето, а тоа се децата кои се со доста коморбидитети, деца со дијабет, белодробни проблеми, астма, деца со компримитиран имунитет, системски заболувања, онколошки заболувања, хематолошки, срцеви мани и ред други патолошки комплицирани процеси се група која треба да биде имунизирана за да се избегнат несаканите компликации кои можат да бидат причина за несакан исход. Да се надеваме дека доколку настане таков процес на имунизација кај таа возраст дека децата ќе бидат следени сериозно и ќе се создадат одредени искуства кои нашата стручна јавност ќе ги и презентира и ќе излезе со заклучоци. Секако дека  родителите ќе имаат многу прашања и дека за се ќе треба да се има цврсти аргументи за да може тоа да биде прифатено доколку се одлучат на таков чекор, нагласува д-р Андоновски.

Во нашиот раговор тој информира и дека излезе од печат еден неопходен прирачник за родителите, ПЕДИЈАТРИСКИ ПРИРАЧНИК од 0 до 6 годишна возраст.

-Самиот прирачник е еден вид на прва помош, како родителите да препознаат што се случува со нивното дете и што да превземат, корисните совети се наменети токму за годините во кој што едно детенце треба да има правилен раст и развој. Прирачникот е нашишан од 4 автори кои се долги години во тек со сите проблематики токму во оваа возраст, секако и со доста искуства и со доста решени проблеми. Публикацијата стига во вистинско време, кога имаме и присуство на епидемија но и појава на еден вид и нова епидемија, а тоа е развојната епидемија, развојот на говорот  и секако менталното здравје кај децата, појава на една палета на низа компликации поврзани и со пост ковид епидемијата, вели д-р Андоновски.

Авторите се м-р. д-р Ангелчо Андоновски, проф. Татјана Јаќовска, специјалисти педијатри и професорите од областа на логопедијата и дефектологијата проф. д-р. Силвана Филипова и доц.д-р. Ана Поповска.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа