Д-р. Исјановски за Фактор: 3.000-те дози од Спутник V безбедно се чуваат во поликлиниката „Јане Сандански“, имунизацијата стартува во среда
Објавено во: Македонија 08 Март, 2021
Од аеродромот во
Скопје, првите дози од руската вакцина Спутник V директно се пренесени во поликлиниката „Јане
Сандански“ каде се ставени во специјален фрижидер кој одржува температура од
-20 до -30 степени, изјави за Фактор директорот на Здравствен дом. Д-р. Виктор
Исјановски.
Потенцира дека се чуваат безбедно и дека чекаат понатамошни насоки во однос на вакцинацијата со оваа вакцина.
-Очекувам во текот на денот да добиеме насоки од Министерството за здравство во однос на тоа кој ќе се вакцинираа со Спутник V. Веќе имаше информација дека овие 3.000 дози се наменети за исто толку граѓани, бидејќи кога ќе треба да се прима втората доза ќе стигнат нови. Би сакал да нагласам дека во поликлиниката „Јане Сандански“ се е подготвено за страт на вакцинацијата, најверојатно од среда. Тимовите се спремни, а веќе се прават и распоредите, вели д-р.Исјановски.
Инаку, овие први 3.000 од вкупно 200.000 дози од Спутник V пристигнаа вчера на скопскиот аеродром. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Македонија ќе ја продолжи интензивна комуникација со цел да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количини.
-Вкупно нарачани се 200.000 дози, станува збор за вакцини коишто се различни во делот на вакцинација и ревакцинација, што значи дека сите овие 3.000 дози ќе се користат за прва вакцина. Продолжува процесот на имунизација во дел на здравствени работници и според индикацијата на граѓани како што е тоа предвидено во Националниот план за имунизација, изјави Филипче.
Откако и нашава земја ја регистрираше руската вакцина, сега Спутник V е регистрирана во 46 земји во светот, вклучувајќи неколку држави во ЕУ. Сега е во тек во забрзана постапка во Европска Агенција за Лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашите лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО да се користи во вонредни ситуаци.
A.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.