„ДА МИ СЕ ОТСЕЧЕ РАКАТА ШТО ГЛАСАВ ЗА ТЕБЕ“: Жител на Волос му се развика на градоначалникот, а тој го удри по глава (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2023
Се појави видео
снимка на која се гледа како градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, удира
граѓанин кој го навредувал.
Инцидентот се случил во саботата наутро во областа Али Мерија во градот, која е силно погодена од поплавите и од невремето Илиас.
На видеото се слуша како граѓанинот му се обраќа на градоначалникот со зборовите: „да ми се отсече раката што те гласаше“ пред градоначалникот да се заврти и да го удри по глава.
Според локалната веб-страница, gegonota.news, која го објави видеото, жителите на Али Мерија се собрале на мостот оштетен од невремето за да спречат излевање на водата. Реакциите по овој инцидент во Грција не стивнуваат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.