26 Април, 2025
0.0491

„ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ТИМЧО“: Жерновски вели никој не сака да му дојде на гости

Објавено во: Македонија 08 Април, 2025 13:25

Добивај вести на Viber

Андреј Жерновски вели дека никој не сака да го посети актуелниот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
Да му помогнеме на Тимчо

Јавно го замолувам претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при својата посета на Брисел да лобира кај колегите од Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Социјалистите и демократите (СД) кои се на власт во своите земји, да го пратат својот министер за надворешни работи во посета на Македонија. Не гледам друг начин како поинаку да доживееме таква посета.

Ние треба и мора да му помогнеме на Тимчо. Мораме, инаку ќе се прашуваме и понатаму што воопшто работи, освен што се гледа со сите резидентни и нерезидентни амбасадори во нашата земја. А и што друго да прави, кога никој не сака да му дојде на гости.

Верувале или не, досега го имаат на билатерална основа посетено 2 (со букви:двајца) министри за надворешни работи. Никој оваа година. Буквално никој.

Последниот бил тука на 26. декември минатата година, а првиот, за жал и последен од земја членка на ЕУ, на 10. септември минатата година. Има и уште еден, ама тој мораше поради ОБСЕ.

За 9 месеци, само двајца. Буквално двајца. Ниту еден од соседството. Буквално никој.

А да, ќе заборавев. Ова е се’ дел од т.н. дипломатска офанзива на владата на Мицкоски.“ напиша Жерновски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа

ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР: Едно лице е повредено

ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР: Едно лице е повредено

СЕРИОЗНА СООБРАЌАЈКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - се судрија две возила, има и полесно повредени

СЕРИОЗНА СООБРАЌАЈКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - се судрија две возила, има и полесно повредени

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај