19 Декември, 2025
0.0535

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Објавено во: Економија 25 Април, 2025 08:05

Добивај вести на Viber

Речиси целото производство на„Ветекс“ оди за извоз, а годинава нивниот извоз е зголемен за 11% во споредба со првите три месеци во 2024 година

Велешкиот производител на конци и предива, воедно единствена таква компанија во Македонија, и во првите три месеци ги израдува своите акционери. Добивката на компанијата од почетокот на јануари до крај на март изнесува речиси 100.000 евра, покажуваат официјалните неревидирани од билансот на успех достапен на веб страницата на Македонската берза.

„Ветекс“ е успешна извозна приказна, потврдува билансот. И тоа не е ништо ново. Но важно е да се истакне дека годинава во првите три месеци извозот на оваа компанија е за 11 отсто поголем од претходната година. И изнесува 1,83 милиони евра.

Иако мало и речиси занемарливо во вкупниот биланс на продажба вреди да се истакне дека „Ветекс“ ја зголемил продажбата за домашниот пазар за 73 отсто во првите три месеци оваа година. Вредноста на продажбата е 11.400 евра.

Вкупната продажба на „Ветекс“ во овој период изнесува 1,84 милиони евра и тоа е за 11 отсто подобро од истиот период лани.

Паралелно со приходите растат и трошоците на „Ветекс“ во овој анализиран период. Така неговите оперативни расходи се зголемени за 10 отсто и изнесуваат 1,74 милиони евра. Очекувано и логично во нив најголемо е учеството на ставката трошоци за суровини и за нив „Ветекс“ во првите три месеци платил 1,1 милиони евра. Втора најголема ставка се платите за вработените. Билансот покажува дека „Ветекс“ не жали пари за своите вработени. Веројатно затоа и има резултати какви што има. Трошокот за вработени во првите три месеци е за 22 отсто поголем од истиот период лани и изнесува 371.000 евра.

Оперативната добивка на друштвото е 99.000 евра за периодот јануари – март, а толку е и неговата добивка од редовно работење.

„Ветекс“ е успешна компанија која во 2024 година успеала да го зголеми приходот до 6 милиони евра, а остварила годишна добивка (по оданочување) од 300.000 евра.

„Ветекс“ е во претежна сопственост на петмина домашни физички лица, велешани. Најголем поединечен акционер е Дејан Галев кој поседува 25 отсто од акциите. Воедно е претседател на Одборот на директори.

Стоиле Митев поседува 19,8 отсто од акциите, Стефан Галев 17,6 отсто, а Ѓоре и Горан Галеви имаат по 10 отсто од гласачките права. „Ветекс“ има уште 140 мали акционери домашни физички лица кои поседуваат 15 отсто од акциите на компанијата.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар