26 Јуни, 2024
0.0284

„Да нема повеќе 15 подружници со 15 директори, ни требаат работници во технолошкиот процес“: вработените во Пошта бараат реорганизација

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија може да остане без државна пошта, и да биде прва земја во светот каде што нема да функционира државна пошта. Ова го истакна претседателот на Синдикалните организации на Македонска пошта, Боро Велигденов, кој денеска заедно со вработените го најави нивниот протест.

Тој посочи дека вработените во сите подружници на Македонска пошта денеска организираат протест за да го изразат револтот и загриженоста за иднината на компанијата и за зачувување на своите работни места.

Тој истакна дека компанијата подолг период се соочува со огромна финансиска криза и со лоша организација на работењето, а со тоа е доведена до тотален хаос и до дното на опстојувањето.

- Не знаеме кога ќе земеме плата поради тоа што немаме доволно финансиски средства, а и менаџерскиот тим нема одговор на тоа прашање, затоа што чекале некаков прилив. Македонска пошта е доведена до состојба на уништување, опстојувањето е под голем знак прашалник и бараме итна средба со новата влада и да ги решиме состојбите. 

Она што го бараме со години е да се отпочне веднаш и неодложно со новите реформи и целокупна реорганизација. Постапката за систематизација на новите работни места е темел и основа за понатамошна стабилизација и функционирање на друштвото. Владата треба да се заземе за интересот на Македонска пошта, бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица и ќе бидеме единствен пример во светот државна пошта да не функционира, односно да не постои - истакна Велигденов.

Синдикалните претставници во Македонска пошта побараа реформите во компанијата да почнат што побрзо, со преземање посериозни мерки за стабилизирање на состојбите.

- Да нема повеќе 15 подружници со 15 директори и илјада соработници, нам ни требаат работници во технолошкиот процес за граѓаните да бидат задоволни од нашите услуги. Идната влада да преземе мерки и за регулаторното тело Агенција за пошти, кое од нас добива добар прилив за плати, тоа треба да работи според Законот за поштенски услуги. Имаме информации дека во нашата држава се дистрибуираат пратки од соседните земји, што е во спротивност со сите меѓународни прописи за поштенски сообраќај. Агенцијата да преземе одговорност спрема другите оператори кои вршат неконкурентна и нелојална достава на пратки - истакна Сашо Димитриески, повереник во Синдикатот на Македонска пошта.

На прес конфренцијата беше побарано да се престане и со партизираната кадровска политика која ја уништила Македонска пошта, а најавен е и штрајк за почетокот на идниот месец.

- Да не ни донесуваат неспособни кадри и менаџери во компанијата, да се насочат вработените кон технолошкиот процес за да генерираме поголеми приходи и самостојно да можеме да функционираме и да исплаќаме редовно плата. Како што најавивме минатиот месец, влегуваме во процес на штрајк бидејќи го допревме дното и немаме што да изгубиме како вработени. Согласно законските регулативи, штрајкот ќе се одржи после 7 јуни и ќе бидеме истрајни до крај, ќе се бориме за опстанок на Македонска пошта, додаде претседателот на Синдикалните организации - Велигденов. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели