06 Мај, 2024
0.0248

„Да останам или да заминам “, 5-та Ротари конференција за професионална ориентација

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Доаѓа делот од годината кога матурантите стојат пред големата одлука за тоа каде да го продолжат образованиетo и кој факултет да биде одлучувачкиот фактор во исцртувањето на нивната професионална надоградба. Глобализацијата сè повеќе ги отвора портите кон светот и младите непречено можат да патуваат и да го продолжат своето образование и надовр од својата земја. Се разбира таквата одлука носи свои предности но и недостатоци. Вештината да се препознаат сопствените капацитети и очекувања  ја има главната улога во донесувањето на оваа клучна одлука.

За таа цел  на 8 април, сабота со почеток од 11:00 па се до 15:00 часот, во просториитена Meѓународното училиште НОВА по петти пат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација, која оваа година го носи насловот „Да останам или да заминам“.

Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје - Камен Мост, кој традиционално петта година по ред со помош на вакви активности ја изразува својата поддршка на младите талентирани луѓе, помагајќи им  да ги остварат своите потенцијали. На конференцијата  ќе бидат одржани говори и дискусии на етаблирани професионалци од различни сфери кои несебично ќе ги споделат своите искуства и практики.  Ќе бидат опфатени теми на речиси сите професионални области кои ги засегаат потенцијалните академски граѓани, како што се: архитектура и градежништво, бизнис и финансии, здравство и медицина, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, уметност и дизајн.

„И оваа година се одлучивме да го организираме овој настан за кој веруваме дека ќе биде од исклучителна важност за младите во донесувањето на една од поважните одлуки во нивниот живот. Свесни сме дека ова е чувствителна тема и пред да ја донесат својата конечна одлука корисно е да им овозможиме услови за отворена меѓусебна  дискусија, но и разговори со стручни лица од различни професионални области. На годинешната тема ќе се осврнеме повеќе кон можностите за студирање и работење надвор од нашата земја, но и предностите да се продолжи овој процес во Македонија. Би сакал да ги поканам сите заинтересирани средношколци да се пријават за да земат учество и заеднички да поразговараме за овие важни теми“, изјави Иван Новаковски, член на Ротари клуб Скопје Камен Мост.

Оваа конференција досега ја имаат посетено повеќе од педстотини средношколци од дваесетина училишта, и истата преку прашалник е оценета како успешна иизвонредно корисна. Местата за настанот ќе се пополнуваат споредредоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk. Програмата на конферецијата е достапна на сајтот на Meѓународното училиште НОВА www.nova.edu.mk .

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“