Да се циганчиш е да си скржав како Циган - навредливи толкувања во новиот дигитален речник
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021
Бура од реакции од Ромите, ромските здруженија, но и генерално јавноста предизвикаа зборови кои се вметнати во новиот Дигитален речник по што Владата одлучила да ги тргне зборовите и објаснувањата за нив од овој речник. Станува збор за зборовите циганче, поцигани, циганчи се, циганштилак и некои други чии толкувања имаа навреди кон ромската популација.
„Овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање. Бараме овие зборови да бидат тргнати од дигиталниот речник, реагираа вчера од здружението Аваја.
Циганчи се - појаснува скржавост од предрасуди како особина на Циган. Се циганчи за еден грош.
Циганштилак - скржавост, ситничавост. Му пречеше неговиот циганштилак, стои во речникот.
На нивната објава на фејсбук синоќа се нижеа негативни коментари и осуди кон речникот и објаснувањата, по што за некое време од Аваја соопштија дека од Владата ги информирале дека зборовите ќе бидат извадени.
Станува збор за нов дигитален речник кој го пормовираше вчера Владата - www.makedonski.gov.mk.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.