14 Јули, 2020
0.0480

Да се гласа пред избирачките места

Објавено во: Колумни 21 Јуни, 2020

Пред официјалниот старт на кампањата, како одговорна партија, сакаме да укажеме на некои важни работи од исклучителна важност за заштита на здравјето на граѓаните.

Во оваа ситуација, кога бројот на ново-заразени и починати, од ден во ден, рапидно расте, Македонија се подготвува за избори. Тие мора да бидат фер и демократски а на граѓаните неминовно е да им се овозможи, без страв, да го остварат своето право на глас. Затоа предлагаме избирачките одбори наместо во затворени простории да бидат на отворено, односно да се гласа пред избирачките места. Со тоа граѓаните ќе бидат посигурни кога ќе дојдат да го остварат своето право.

Апелираме и таканаречените „големи“ партии да престанат со негативната кампања и да се фокусираат на реалните проблеми во оваа држава. Исто така ги предупредуваме дека големите собири, митинзите и се она што е спротивно на здравствените протоколи, може да придонесе за влошување на и онака критичната состојба.

На граѓаните треба да им се гарантира дека нивното здравје нема да биде загрозено за време на кампањата и на самиот ден на гласањето.

ГДУ ќе ги почитува сите препораки во текот на кампањата, но сметаме дека нашите предлози се од исклучителна важност за поголема сигурност на граѓаните во текот на изборниот ден.

Притоа, исто така, не помалку важно е дека како земја членка на НАТО и чекор поблиску до ЕУ, важно е да разбереме дека овие избори се важни за иднината на оние граѓани кои останаа во државата. Мора да испорачаме фер и демократски изборен процес а со тоа и позитивен сигнал до нашите пријатели во ЕУ. Секој кикс ќе не чини многу. Не смееме да дозволиме  набљудувачките мисии да бележат неправилности.

А после 15 јуни, сликата во оваа држава ќе биде поинаква. Времето на мрачните транзициски политичари во Македонија заврши. Време е за нови и чесни луѓе на политичката сцена кои ќе ја однесат Македонија во европското семејство на западната цивилизација.

Димитар Петкоски, секретар на Граѓанско-Демократската Унија


Можеби ќе ве интересира

Лето, лето е па што...

Лето, лето е па што...

Руската карта одново во американската игра

Руската карта одново во американската игра

НЕДЕЛЕН ФАКТОР: Рециклирана 2016-та, Груевизмот уште цвета?

НЕДЕЛЕН ФАКТОР: Рециклирана 2016-та, Груевизмот уште цвета?

За да триумфираат на едни избори, Македонците прво ќе треба да се победат самите себе!

За да триумфираат на едни избори, Македонците прво ќе треба да се победат самите себе!

Битиќи vs Лазаров: Имаат ли моќ да ги остварат своите ветувања и што мислат за политичкиот ривал

Битиќи vs Лазаров: Имаат ли моќ да ги остварат своите ветувања и што мислат за политичкиот ривал

И по Путин – Путин!

И по Путин – Путин!

ЖФК

ЖФК