ДА СЕ ПОЧИТУВА ТЕРМИНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА: Доаѓањето неколку часа порано создава гужви пред вакциналните пунктови
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021
Здравствените
власти апелираат да се почитуваат термините за вакцинација и ревакцинација,
зошто непотребно се создаваат гужви. Од вторникот почна масовната вакцинација
во повеќе градови низ цела Македонија, но евидентни беа гужвите пред Спортскиот
центар А1 Арена „Борис Трајковски“.
На овие вакцинални пунктови освен термините за граѓаните кои ја примаат првата доза од вакцината, тече и ревакцинацијата на граѓаните со руската вакцина Спутник V, но голем број граѓани, пред се од внатрешноста, но и од Скопје, организирано доаѓаат и по неколку часа порано, заради што се создадоа редиците пред А1 Арена „Борис Трајковски“.
-Во Скопје во вторникот беа вакцинирани околу 3.200 граѓани. Освен на вакциналните пунктови во А1 Арена, непречено тече вакцинацијата и во поликлиниките Чаир, Букурешт и Јане Сандански и се работи од 8 часот наутро, до 20 часот. Гужвите се создадоа заради тоа што луѓето за ревакцина, пред се од другите градови од Македонија, но генерално и од Скопје, организирано доаѓаат тука, па ако ревакцинацијата била закажана во 15 часот или во 17 часот на пример, тие беа уте уште во 10.00 часот. Затоа имаше многу гужва. Ние само апелираме секој да си го почитува закажаниот термин и ќе нема никакви проблеми. Инаку, воопшто вакциналниот процес на сите пунктови се одвива без никакви проблеми, велат за Фактор од Здравствен дом Скопје.
Инаку, според здравствените власти одѕивот за вакцинација против корона вирусот е мал и ги повикуваат граѓаните помасовно да се пријавуваат на сајтот вакцинација.мк. На првиот ден од почетокот на масовната вакцинација, од 9.000 добиени термини, само 4.500 дошле да се вакцинираат. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека во наредниот период очекува одѕивот да биде поголем, а до крајот на месецов термин за вакцинација ќе добијат сите кои се пријавиле заклучно со 30.април.
-Секој понеделник во Македонија ќе пристигнуваат околу 10.000 дози од вакцината на Фајзер, што значи дека во мај од оваа вакцина ќе имаме приближно 50.000. Дополнително, околу 14-15 мај, зависно од транспортот ќе пристигнат и вакцините од Синофарм, односно донацијата од околу 100.000 вакцини. И овие количини ќе бидат сосема доволни за непречено одвивање на вакциналниот процес. Ние направивме пресек, па сите граѓани кои се пријавиле за вакцинација заклучно до 30. април, во овој период ќе добијат термин за вакцинација, рече Филипче вчера.
Истовремено, во однос на проблемот кој настана со тоа што дел од граѓаните кои живеат во еден град, а добија термин за вакцинација во друго населено место, од Министерството за здравство соопштија дека тие самите при закажување на веб страницата vakcinacija.mk направиле погрешен избор на локацијатакаде сакаат да се вакцинираат, но дека можат до отидат во кој пункт сакаат и да ја прикажат пораката што ја добил за вакцинација.
– Доколку доказот дека има термин е валиден, лицето ќе се вакцинира, веднаш, наведуваат од Министерството за здравство.
Инаку, во Македонија граѓаните немаат право на избор на вакцина, но здравствените власти уверуваат дека сите вакцини се безбедни и не се забележани контраиндикации, освен за вакцината на „Астра Зенека“ која не се дава на лица помлади од 60 години.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.