Дали би живееле во ваква куќа која чини помалку од 4.000 долари?
Објавено во: Стил 07 Ноември, 2018 21:07
Популарни во градежништвото се куќите кои можат да се испечатат со помош на 3D принтер.
Има модели од вакви куќи кои можат да се направат за 24 часа и кои чинат помалку од 4.000 долари.
На почетокот на оваа година, компанијата „Branch Technology“ го развила прототипот на изработка на 3D куќи, со големина од 93 метри квадратни, кои чинат 300.000 долари.
Но, во март годинава, компанијата „New Story“ која дизајнирала 3D принтери, ја претставила својата „прва 3D печатена куќа во Америка“, со големина од 35 квадратни метри, која чини околу 10.000 долари, а за изградба, потребни биле 48 часа.
3D принтерот „Vulcan“ работел со 25% брзина, поради што во компанијата верувале дека можат да направат куќа со големина од 37 до 74 метри квадратни, за 24 часа, која би чинела 4.000 долари или помалку.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





