06 Декември, 2025
0.0326

Дали е сеедно каков чај пиеме?

Објавено во: Стил 04 Јули, 2014 17:26

Добивај вести на Viber

Иако надвор е топло, не треба да ја исклучувате можноста да пиете чај. Доколу не сакате топол, оставете да се излади и консумирајте го ладен.

Ви пренесуваме неколку совети на темата чај.

Чај од камилица се употребува во тек на лекување на очни инфекции, тешкотии со варењето и иритација на кожата, добар е за грло, кога ќе загнои заб или ќе потече, против воспаление на непцата, против подуеност и мачнини во стомакот.

Чај од мента ( нане ) го смирува стомакот, ја намалува температурата и ги намалува болките, додека чајот од мајчина душичка се препорачува за смирување и против зарипнатост.

Зелениот чај содржи корисни полифеноли кои се силен антиоксиданс, па помагаат во борба против рак или при диети кај луѓе кои имаат поспор метаболизам. Може да го пиете и разладен со лимон, а помага и во губење на килограми, штити од рак, го намалува ризикот од мозочен удар и го чува непцето.

Црниот чај го намалува крвниот притисок и го чува срцето и крвните садови.

Чајот од брусница има одлични антибактериски својства и се препорачува при проблеми со уринарните патишта.

Три шољички чај од хибискус дневно ја намалуваат опасноста од покачен крвен притисок, а овој чај содржи витамин Ц и може да биде афродизијак.

Жалфијата е добра за плакнење на грлото и усната шуплина. Чајот од шипки е добар против настинка бидејки содржи и витамин Ц, а чајот од липа се препорачува за добар сон.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: