03 Мај, 2024
0.0257

Дали ЕЛЕМ призна грешка? Не е убаво да се расфрлаат пари за рајски градини!

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Освен прооектот Рајски парк, критики во јавноста има и за проектот Панорамско тркало, кое чини 18 милиони евра. Но, власта нема намера да се откаже од овој проект со тврдење дека веќе се склуччени договори со компаниите и дека доколку тие се раскинат ќе се плажаат пенали.  

Поради процедурални причини, државната компанија ЕЛЕМ го поништи тендерот за изградба на паркот „Рајски парк“ во Ново Лисиче, што требаше да чини 15 милиони евра. Но, од ЕЛЕМ не дадоа прецизно објаснување кои се процедуралните причини поради кои постапката е поништена.  

„Јавната постапка за избор на изведувач за изградба на Рајски парк е поништена поради процедурални причини“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Ваквата одлука на ЕЛЕМ сепак се толкува како попуштање пред притисокот на јавноста, бидејќи овој проект беше остро криктикуван, затоа што се фрлаат огромни суми за парк во ситуација кога заостануваат енергетските проекти. Во прилог на ваквото тврдење дополително упатува и фактот што во соопштението на ЕЛЕМ, не е прецизно наведено дали ќе биде објавен нов тендер, односно оставен е простор дека засега Рајскиот парк нема да се реализира.  

„Низ органите на ЕЛЕМ дополнително ќе се одлучува околу  понатамошните активности и идниот статус на проектот, стои во сооштението на ЕЛЕМ.

Сепак, Електрани на Македонија посочуваат дека за она што досега е направено нема финансиски импликации кон други субјекти поврзани со овој предмет.

Опозицијата и власта постојано се обвинуваа за овој проект, а последното барање на опозицијата беше наместо ребаланс на буџетот и задолжување за помош за поплавите што се случија во август годинава, парите да се пренаменат од овој проект, што власта не го прифати. Сега, поништувањеето на тендерот за опозицијата е само доказ дека власта пред изборите се обидува да го ублажи револтот кај граѓаните поради непродуктивните трошења.  

„Со ова се покажува дека СДСМ, граѓанскиот сектор и невладините организации и вработените во ЕЛЕМ успеаа да спасат една милијарда денари. Сега очекуваме да ги запрат и другите несусштински проекти, како жичари, барокни фасади и конгресни центри. Тоа е најмалку што можат да го направат пред изборите“, вели за Фактор Митко Андреески, претседател на Комисијата за енергетика во СДСМ.  

Освен прооектот Рајски парк, критики во јавноста има и за проектот Панорамско тркало, кое чини 18 милиони евра. Но, власта нема намера да се откаже од овој проект со тврдење дека веќе се склуччени договори со компаниите и дека доколку тие се раскинат ќе се плажаат пенали.  


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски