17 Мај, 2024
0.0279

Дали ЕУ ќе профитира од падот на еврото?

Објавено во: Економија 07 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Еврото дополнително ја загуби својата вредност во однос на доларот и ако ова продолжи, би можело да се случи нешто што ретко се случува - еврото да има вредност како еден долар.

Падот на еврото може да и помогне на економијата на еврозоната, како и американските туристи чие доаѓање во Европа ќе биде помалку скапо.

Европската валута е во пад од мај кога се менуваше за 1,4 долари, додека вредноста на доларот, од друга страна, расте во однос на другите валути. Денеска за едно евро може да се добјат 1,085 долари што е најмалку од 2003 година.

Европа со тоа станува поевтина за американските туристи. На многу европски земји, приходите од туризмот им значат многу. Во Грција, на пример, една петтина од приходите доаѓаат од туризмот.

„Поевтиното евро Грција ја прави повеќе привлечна и имаме многу позитивна слика од САД“, изјави Андреас Андреадис, претседател на Асоцијацијата на грчки туристички претприемачи.

На подолг рок, главниот удар на слабото евро ќе биде од суштинско значење во стратегијата на компаниите. Големите Европски извозници, особено во најголемите европски економии како Германија, ќе имаат корист од падот на еврото, додека на американски производители тоа ќе им шкоди.

Еврото е во пад главно поради различните економски мерки на еврозоната и САД. Додека закрепнувањето во еврозоната од глобалната финансиска криза во голема мера беше анемично, американската економија бележи силен раст.

На движењето на девизниот пазар, воглавно  влијаеа  одлуките на централните банки. Додека Европската централна банка ги намали каматните стапки и води стимуланси со големи суми на парии, со што ослабна еврото, Банката на федерални резерви го прави спротивното - се подготвуваат да ја подигнат референтната каматна стапка после минатогодишната одлука да се стави крај на стимулансите.

Разликите ја нагласија и денешната најава на американската влада дека стапката на невработеност во САД падна на 5,5 отсто, што значи дека наскоро Банката на федерални резерви може да ја подигне својата референтната каматна стапка. Ова поттикна купување на долари, со што еврото падна 1,6 проценти на 1,0858 долари.

Од воведувањето на еврото во 1999 година по цена од 1,18 долар, еврото повеќе беше над сегашниот девизен курс во однос на доларот.

Еврото беше првично релативно непожелно, но кон крајот на 2000 година, Европската централна банка и другите централни банки интервенираа на пазарот да се реанимира нивната валута која во еден момент падна на 0,82 долари.

Тоа помогна и евротооживеа со цел да воспостави паритет со доларот во крајот на 2002 година.  До летото 2008 година, во пресрет на глобалната финансиска криза, еврото го достигна својот рекордно високо ниво од над 1,60 долари.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА