Дали греењето на дрва индиректно „убива“?
Објавено во: Македонија 09 Март, 2021
Македонските граѓани најчесто се загреваат на дрва, а дишат и екстремно загаден воздух.
Повеќе од 60 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва, според податоците на Државниот завод за статистика, и тоа е еден од факторите за загадување на воздухот. Овој процент е драстично поголем во руралните средини, каде дрва употребуваат и до 90 отсто од домаќинствата. Најчуствителни на аерозагадувањето се децата, бремените жени, постарителуѓе и хронично болните. Аерозагадувањето е меѓу главните причини за зголемена стапка на неплодност и стерилитет кај жени и мажи нa западен Балкан.
„Се знае дека кога се горат водени дрва тогаш има загадување. Ние сме социјална држава и немаме во овој момент многу избор за затоплување барем градовите во внатрешноста, мислам на домаќинствата“, вели Светлана Станојковска, екологист.
Во неколку македонски градови 1.000 човечки животи се губат годишно поради изложеност на загаден воздух. Меѓународното списание Биомедикал за период од пет години ги споредува податоците за загаденост на воздухот во македонските градови, и укажува на смртноста која ја предизвикува аерозагадувањето.
„Греењето на дрва не индиректно, туку директно убива. Колеги од Институтот за јавно здравје од Финска ни прикажуваа една студија, со пример од едно финско гратче каде во 1962 година чадат оџаци, а откако преминале на гасификација, имаше огромна разлика во квалитетот на воздух“, вели доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово.
Оваа зима во Македонија имаше денови кога скоро сите градови беа високо или средно загадени. Отстапувања има кај Дебар кој обично има ниско загаден воздух. Само за време на викендите во утринските часови, воздухот во земјава е за нијанса почист. Европските експерти предупредуваат дека загадувањето на воздухот во комбинација со коронавирусот може да има уште посмртоносни ефекти.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.