06 Декември, 2025
0.0262

Дали може да преовладее разумот

Објавено во: Колумни 28 Април, 2015 09:22

Добивај вести на Viber

Веќе одамна сме заглавени во свет каде доминира материјалното. Каде луѓето се ценат по рубата, а не по душата. Каде со пари може да се купи сѐ, дури и човечки души. Со пари се контролира, уценува и замолчува. Време кога луѓето секојдневно ја пребројуваат својата заштеда, а спокојство пронаоѓаат само кога можат да избројат доволно парички во својата рака. За тоа парче хартија  и војни се прават. Тие даваат огромна моќ. Кога луѓето се подмирени си молчат.  Моќниците ги знаат сите алатки за контрола и влијание. Живееме во време на недомаќинлук, каде секој го гледа својот индивидуален интерес наспроти општествениот. Сведоци сме на интензивно задолжување на државата, на континуиран раст на јавниот долг кој за кратко може да ја надмине сумата од 5 милијарди евра, и да достигне 50% од БДП. Се надевам нема! Жално е да се трошат јавни пари, кои утре ќе треба друг да ги враќа. Во услови кога економијата е сиромашна, кога конкурентноста на македонските компании е ниска, БДП низок, кога нема производен потенцијал и не се создава вредност, а сме и увозно зависни, апсурдно е да се зголемуваат непродуктивните буџетски расходи. Треба да си ги пуштиме нозете до каде ни е долго чергичето, а не да се расфрламе со пари. Економистите никогаш не оправдувале непродуктивни трошоци, и тоа секогаш ќе биде така.  А Македонија веќе 20 години има неповолна структура на расходи, а развојни проекти многу малку се финансираат. И тоа го знае секој студент, професор на економски факултет, само што тоа се зборува само по ходници или во канцеларија. Да се земе кредит има оправдување само ако со тие пари се создаде нешто повеќе, позајменото се враќа, а дел останува. А кога со една индивидуа доминира материјалното, таа дефинитивно е во позиција на постојан дефицит, бидејќи секогаш сака да има многу повеќе од она што го има, и што реално не и потребно. Заглавени во материјалното, во еуфорична потрага по повеќе, луѓето покажуваат канибални особини.  Ќе се изедат едни со други, само за да го задржат тоа што го имаат, или пак за да добијат повеќе. Наоѓаат оправдување на сопствениот макијавелизам, верувајќи во неговата исправност. Дали може да преовладее разумот! Сашо Дуљанов

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?