14 Мај, 2024
0.0268

Дали можеме да го смениме аголот на гледање кон парите?

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Што се всушност парите? Ако појдеме од едноставното, видливо забележување се работи за хартија, кованица, пластика или сега веќе мобилен телефон, со одредена боја и димензија. Можеме да заклучиме дека се работи за материјален, физички облик на нешто, значи на стока, а не на услуга. Токму тоа се парите.

Нашиот личен однос кон парите нема никакво влијание на нив. Парите не поседуваат лични карактеристики, не се понекогаш добри или понекогаш лоши, тие се само стока. Физичкиот облик кој настанал на парите е со договор во текот на историјата.

Замислете дека сте во продавница и треба да купите леб и млеко, а за возврат продавачката бара од вас два килограми компир. Вие имате точно толку и ја разменувате стоката. Таа сега тој компир ќе го размени со некој друг за нешто друго, но каде сте сега вие? На пример, тоа ви е последна вреќа и дома повеќе немате ништо за размена, освен мебел и чинии, а на пример ви треба лук и масло за јадење. Лице кое има лук и масло за јадење нема потреба од мебел ниту од садови, туку му требаат пет килограми брашно, па наместо со вас, лицето ќе се размени со некој кој го има тоа што му треба.

Од овој наједноставен пример се гледа дека тешко може да функционира исклучиво стокова размена на намирници, па парите како стока се замислени на сите нас да ни го олесни тој процес на размена. Лесно се преносливи и секаде се прифатени. Ако нешто ви треба, одите по тоа, оставате пари и се е решено. Не е, значи, проблемот во стоката која ја нарекуваме пари, е веќе во нашиот однос кон нив. Ако подобро размислите, многу брзо ќе заклучите дека продажбата, всушност е процес на стокова размена.

И каде е тогаш проблемот? Зошто константно се појавуваат исти економски циклуси на падови и подеми? Зошто економијата не функционира? Не се работи за тоа дека е во прашање природен циклус, се работи за нашето непознавање и непризнавање на начелата на давање и примање. Кога зимате повеќе од што давате, неминовно балансот ќе се доведе во прашање. Токму тоа ние го правиме со парите. Ако конзумирате се и сешто без потреба и мера, спаѓате во група на денешниот идеален потрошувач.

Целиот систем се темели на тоа дека купуваме без потреба наместо да се водиме според системот кој ги задоволува потребите. Покрај потребите, тука се и желбите. Спојувањето на тие две работи е доволно да се направи ефективен систем на кој му треба само еден предуслов – флексибилност. Дури и ако вашиот производ или услуга ја задоволува најосновната потреба, потребно е прилагодување на времето во кое живееме и каналите низ кои ги добиваме информациите за тие исти производи или услуги.

Сосема е непотребно да се наметнуваат и злоупотребуваат емоциите и човечката несвесност на сопствените начела. Човечката потреба и желба не се мистерија и не треба да се измислува топла вода. Она што се менува е пакетот во кој тоа се наоѓа во однос на времето сега и порано, но потребата е иста. Но, проблемот не е во потребата или во желбите. Проблемот е во нашиот страв и алчноста. Стравот дека нема да имаме доволно. Доволно за што? Трет хамбургер? Неколку пара чевли во шкафот? Возило? Куќа? Но, сериозно. Кога е доволно? Кога е моментот кога можеме да кажеме – ок, не морам повеќе да штедам, во состојба сум да создавам, значи не морам да собирам пари.

Наместо да се едуцираме како да работиме, како да создаваме пари кои ќе ги користиме за размена и да уживаме во тој процес, ние како да не веруваме на самите себе дека успехот можеме да го повториме. Да, успехот. Сте нашле работа? Не сте гладни? Имате кров над глава? Возило во гаража? Да, вие сте успеале и зошто да се плашите дека нема да можете повторно да успеете? Еднаш сте го направиле тоа, ќе го направите повторно. Се што е потребно е малку поголема самодоверба.

Парите се само парче хартија, кованица или пластика, не е важно... кои ни го олеснуваат и забрзуваат процесот на давање и примање. За успешен живот потребни се само две работи: самодоверба и чувство за мерка. Екстремните облици на каков било  однос се токму тоа – екстреми, крајни облици на нешто, претераност. Самиот збор претераност зборува дека нешто се прави во преголема мерка или количина. Светот глобално претерува во се, куќите ни се се поголеми, возилата ни се се поголеми, додека друга крајност е целосна немаштија, детски труд, копање по контејнери, а животот во својата полна пареа, се наоѓа точно меѓу тие две крајности.

Извор:Миа

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН