05 Декември, 2025
0.0398

Дали напуштеното езеро Треска ќе стане туристичка атракција?

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2013 08:36

Добивај вести на Viber

Изградено е во 1978 година со самофинансирање на граѓаните, за кои овој комплекс претставуваше идеално место за рекреација, одмор, сончање и капење. Поради загаденоста на водата во 1998 година езерото беше затворено за капење, а тоа беше и причина да се намалува посетеноста, се до денес кога на ова место и во летниот период е празно. Наместо вревата од капачите, царува тишината, а целиот простор делува морничаво Градските власти ќе потрошат близу 19.000 евра за консултантски услуги за изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција, управување и одржување на СРЦ „Езеро Треска“ и базенот „Сарај“. Градот Скопје договорот го склучил на 10-ти овој месец со друштвото за деловни и консултантски услуги “Кa Групација” Скопје. Компанијата е должна да ја изработи тендерската документација за концесионерскиот повик, и во рок од три месеци да даде првични анализи за можната заинтересираност за реализација на проектот и заживување на езерото. Иако градските власти пред неколку години најавија дека реконструкцијата на спортскиот центар ќе ја вршат самостојно, сепак на крај се одлучија за приватен партнер, пракса што Градот ја применува кај сите поголеми проекти. Го изгради народот, а локалните власти не успеаја да го одржуваат Езерото Треска се простира на околу 35 хектари, а додека имаше вода беше длабоко три метри и имаше капацитет за 10.000 капачи. Изградено е во 1978 година со самофинансирање на граѓаните, за кои овој комплекс претставуваше идеално место за рекреација, одмор, сончање и капење. Поради загаденоста на водата во 1998 година езерото беше затворено за капење, а тоа беше и причина да се намалува посетеноста, се до денес кога на ова место и во летниот период е празно. Наместо вревата од капачите, царува тишината, а целиот простор делува морничаво. Проектот за реконструкција на езерото со години лежи во градските фиоки. Во 2006 година тогашниот градоначалник на Сарај, Имер Селмани, одлучи да бара странски инвеститори. То­гаш има­ше ин­ве­сти­тор од Ав­стри­ја, кој по­ну­ди про­ект со игра­ли­шта за голф, ре­сто­ра­ни и хо­те­ли, но инвестиции заглавија во правните лавиринти. Во 2009 година градоначалникот, Коце Трајановски, одлучи да го реконструира без приватен партнер и  најави дека во буџетот за следната година односно 2010, ќе се одвојат 30 милиони денари за  потребната реконструкција и заживување на рекреативното езеро. Но, и тоа не се случи, поминаа неколку лета, езерото остана празно. Во 2010 година и Министерството за животна средина и просторно планирање склучи договор за изградба на пречистителна станица за селата Глумово и Шишево со што требаше да се намали загаденоста на водите од реката Треска, ама изградбата заглави, и Градот повторно се врати на идејата за концесија Идејата лани повторно се активираше Минатата година Градот прво излезе со објаснување дека сту­ди­и­те по­ка­жа­ле де­ка  ин­ве­сти­ци­ја­та е не­исп­лат­ли­ва, од­нос­но мно­гу па­ри би се по­тро­ши­ле за ре­кре­а­ти­вен цен­тар кој би функ­ци­о­ни­рал ефе­ктив­но са­мо три ме­се­ци. Ска­па би­ла и на­ба­вка­та на пре­чи­сти­тел­на ста­ни­ца со ко­ја би се ос­по­со­би­ло езе­ро­то за ка­па­чи­те, па засега на езе­ро­то ќе се уре­ду­ва­ло са­мо  зе­ле­ни­ло­то,а граѓаните ќе може само да се шетаат не и да капат. Но некој месец подоцна градските власти се премислија, па од­лу­чи­ја по­втор­но да изра­бо­тат сту­ди­ја и да рас­пи­шат тен­дер за кон­це­си­о­нер на езе­ро­то. Во август лани од Гра­дот изјавија де­ка до­се­га за чи­сте­ње на ко­ри­то­то на езе­ро­то по­тро­ши­ле 200.000 евра, а гла­вен проб­лем зо­што езе­ро­то не е функ­ци­о­нал­но би­ле за­га­де­ни­те во­ди на ре­ка­та Тре­ска. - Она што е проб­ле­ма­тич­но е на­о­ѓа­ње­то ре­ше­ние за снаб­ду­ва­ње со ба­кте­ри­о­ло­шки ис­прав­на во­да за ка­пе­ње. Град Скоп­је во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни ба­ра­ше ре­ше­ние и за овој проб­лем и за таа цел бе­ше изра­бо­тен ела­бо­рат за хи­дро­ге­о­ло­шки ра­бо­ти, со кој тре­ба­ше да се обез­бе­ди ква­ли­тет­на во­да за пол­не­ње на езе­ро­то со ква­ли­тет­на во­да од под­зем­ни во­ди. Но, за жал, по из­вр­ше­ни­те ис­пи­ту­ва­ња бе­ше кон­ста­ти­ра­но де­ка не­ма из­вор кој мо­же да обез­бе­ди до­вол­на ко­ли­чи­на бу­нар­ска во­да за пол­не­ње на езе­ро­то. След­ни­от че­кор кој го пре­зе­ма Гра­дот ќе би­де из­бор на кон­сул­тант кој ќе по­ну­ди ре­ше­ние за јав­но-при­ват­но парт­нерс­тво од си­те ас­пе­кти важ­ни за ре­гу­ла­ци­ја на ова пра­ша­ње – објаснија од Градот минатото лето. Концесионерот што ќе го добие тендерот, треба да изготви проект за реконструкција и заживување на езерото Треска и базенот Сарај, одреден период да стопанисува со комплексот и потоа да му го предаде во владение на Градот. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени