27 Април, 2024
0.0302

Дали Никола Димитров ќе седне во министерското столче за надворешни работи?

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Името на поранешниот на Македонија во САД и Холандија и преговарач во спорот за името Никола Димитров се вбројува во шпекулациите и предлози дека токму тој би можел да седне во една министерска фотелја.

Се почести се негодувањата во јавноста дека Димитров би можел да биде министер за надворешни работи во новиот владин кабинет, а неговата биографија и искуство покажуваат дека тој е компетентен за оваа позиција.

Вчера тој на социјалната мрежа Фејсбук уште повеќе ги подгреа овие шпекулации поставувајќи фотографија со американскиот дипломат и заменик помошник на департментот за средна и јужна Европа Хојт Ји. Заедно со постот на фотографијата Димитров напиша:

„Отворена и срдечна средба со Хојт Ји во Стејт департмент. На Македонија ќе и' треба поддршката на САД на патот што ни' претстои: слободна, праведна и европска држава. А правната држава и економскиот раст се блиски пријатели“.


Под фотографијата има лавина од коментари во кои може да се прочитаат честитки и пофалби за Димитров и дека јавноста го гледа како иден министер за надворешни работи.

Кој е Никола Димитров?

Никола Димитров е роден во 1972 година и е македонски дипломат.

Поранeшен заменик-министер за надворешни работи и македонски амбасадор во САД, а потоа во Холандија, во 2014 година тој одби именување нов амбасадор на Македонија во Русија.

Димитров ја стартуваше својата дипломатска кариера во 1996 година во Министерството за надворешни работи како меѓународен адвокат за човекови права, а беше унапреден во заменик-министер за надворешни работи во 2000 година. Во 2002 година тој беше прогласен за втор македонски амбасадор во САД , наследувајќи ја Љубица Ацевска. Тоа го направи најмладиот дипломат во Вашингтон.

Во октомври 2009 тој  ја презеде новата функција како амбасадор на Македонија во Холандија. По завршувањето на неговиот мандат таму во март 2013 година, првично беше планирано дека тој ќе го преземе амбасадорското место во Германија. Во февруари 2014 година, беше најавено дека Димитров одбил позиција како амбасадор на Македонија во Москва.

Димитров во 2014 објави дека се повлекува од дипломатската служба. Откако СДСМ почна да ги објавува таканаречените бомби, Димитров по одреден период се јави како критичар на владата на Груевски и честопати беше говорник и поддржувач на протести.

Честопати го повикуваше членството да му каже Не на Груевски и пишуваше колумни во кои велеше дека ВМРО е преголем симбол за Македонија за да дозволиме да се претвори во срам за државата.

Димитров во 18 годишната кариера беше заменик министер за надворешни работи, советник на претседателот на Република Македонија за национална безбедност, амбасадор во Вашингтон, специјален пратеник во разговорите за името, национален координатор за НАТО, специјален пратеник за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“