26 Април, 2024
0.0290

Дали новата влада ќе го спречи планираното двојно оданочување на дивидендите?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии една седмица не одговора на прашањата во врска со намерата и дивидендите да бидат предмет на оданочувањеа.  Имено, ваквата намера срамежливо беше обелоденета на неодамна одржаната трибина „ДДВ за физички лица - за и против“.

Со цел правилно да ја информираме јавноста за најавените можно промени во подзаконските акти со кои ќе се овозможи дополнително оданочување на приходите од дивиденда „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста ги достави следниве прашања до Министерството за финасии уште на 10 мај: 

- Дали се подготвува измена на подзаконски акт со кој ќе се овозможи да се оданочува дивидендата дополнително и откако е оданочена како што е сега?- Доколку е точна информацијата Ве молиме за образложение кое ќе го објавиме во целост. Ве молиме образложението да ги содржи причините заради кои е применета оваа мерка, процесот во кој е донесена одлука за промена (на ниво на УЈП, Министерство за финансии, Влада?), датумот од кога ќе стапи на сила измената, што опфаќа таа измена, колку средства планирате да акумулирате на годишно ниво од измената со која се зафаќа дивиденда, каква ќе биде основицата на која ќе се пресметува данок?

„Фактор“ покрај одговор на прашањата побара да биде деставен и интегрално текстот на измената на подзаконскиот акт со цел да го објавиме.

Прашањата беа повторно доставени и вчера, но седум дена нема одговор, демант ниту каква и да е реакција од Министерството за финансии. Доколку ги добиеме одговорите од Министерството за финансии ќе ги објавиме во целост.

Претходно „Фактор“ овие прашања ги достави до Управата за јавни приходи (УЈП) од каде добивме одговор во кој пишува дека треба да се обратиме до Министерството за финансии затоа што УЈП е надлежна само за спроведување на законите и другите прописи за даноците. Ова е интегрално одговорот од даночната управа: 

„За сите прашања кои се однесуваат на даночната политика, даночното право и измена на законска и подзаконска регулатива, Ве молиме да се обратите до надлежното Министерство за финансии.Согласно Законот за Управата за јавни приходи, даночната администрација е надлежна за спроведување на законите и други прописи за даноците, и следење и анализирање на примената на прописите за даноците и функционирањето на даночниот систем.Со почит,“

Влијанието на шпекулациите може да се види и во последните неколку денови преку пазарните цени на акциите кои носат дивиденда, а пред се НЛБ Скопје и Стопанска банка Скопје. И двете акции бележат падови на цените иако уште се во рок на тргување со право на дивиденда. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти