Дали омикрон е присутен во Македонија?
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2021
Омикрон се уште не е тестиран и не се знае дали е присутен во Македонија, вели Драган Кочински од Институтот за јавно здравје.
До Нова година се очекува да се прави нова анализа дали оваа варијанта е присутна и кај нас.
„Досега во лабораториите на Институтот за јавно здравје овој сој не е баран во примероците, па нема одговор на прашањето дали веќе сме го „увезле“. Правени се секвенционирања на 48 материјали во ноември и кај сите е присутен само делта-сојот. Ги немаше делта-плус и омикрон-сојот, ќе треба да почекаме за следното секвенционирање овој месец“, вели д-р Драган Кочински, епидемиолог од Институтот.
Европа е жариште на коронавирусот. Само во последните 7 дена има 29 000 нови смртни случаи, а досега починале скоро 1 569 599 луѓе. Омикрон е детектиран во повеќе од 20 земји во Европа, а се шири преку патувања.