18 Мај, 2024
0.0275

Дали ова е вистината која други ја премолчуваат: Кој навистина уби 150 луѓе во урнатиот авион?

Објавено во: Свет 28 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Веруваме дека на сите им е интересна верзијата дека 28-годишен млад дечко го урна авионот и ги уби патниците поради некоја караница, доволно интересна сите да заборават на вистината, и прашања за авиокомпанијата Луфтханса повеќе никогаш да не се поставуваат, пренесува дневно.хр.

Во изминативе година дена урнати се два авиони, убиени се стотици луѓе, а никогаш не добивме информации што се случило со нив. Еден исчезна од лицето на земјата и никогаш не е пронајдено ниту парче од малезискиот авион, а ако се сетиме на официјалните информации тогаш беа - сите мртви. Иако за такво нешто никогаш немаше докази.

Следниот авион, исто така малезиски е урнат над Украина и јавноста никогаш не доби официјални информации што со авионот всушност се случило - се сметаше дека јавноста со време ќе заборави. Така и се случи. Јавноста е замолчена и без информации. Во француските Алпи повторно падна авион, а загинаа 15о луѓе од кои и голем број деца. Но, овој случај експресно е завршен. Официјалните информации велат: Монструм е 28-годишното момче, копилот и син на многу образовани луѓе кој никогаш нема никаква дамка во својот живот, а камоли психчки проблеми кои се потребни свесно да се направи она што сега сакаат да му наместат - мртов и без можност за одбрана.

Дали сте свесни колку психо-тестови и истраги мора да поминат пилотите како воопшто би се запишале на школо за пилоти, а потоа и да летаат? Дали сте свесни дека некој толку лабилен поради караница убие 150 луѓе не може да биде пилот? Всушност, официјалната верзија е многу сомнителна бидејќи мноштво на прашања останаа отворени и нема апсолутни докази дека момчето направило толку страшно злосторство. Но, она што го повторуваат медиумите е доволно јавноста да се смири. Но, што ако не е така? Што ако сите сме измамени, а со оглед на информациите до кои дојде германскиот истражувачки новинар , Удо Улфокте, на јавноста и е познат по тоа што после долгогодишната работа во германските медиуми за Раша Тудеј излезе со информации како светските медиуми и ЦИА лажат и ја манипулираат јавноста со вестите кои и сам за пари ги работел, изгледа како вистината е сепак малку поинаква. Имено, тој на јавноста и откри нешто досега целосно непознато, а повторно пресудно. Иако е експресна пресудата за момчето и неговото семејство кое е шокирано и етикетирано, како што пренесуваат медиумите, завршила истрагата и иако сега сите чекаат кобниот настан едноставно да се заборави - прашањата остануваат да висат во воздух.

Некои основни работи како тоа зошто ИСЧЕЗНАЛА мемориската картичка од едната црна кутија останува целосно нејасно. Бидејќи, после официјалните информации кои сега „мртвиот“ 28-годишен копилот го обвинуваат за злосторство, сите неправилности и прашања при истрагата целосно не фаќаат место. Удо Улфокте за kopp.online ги истражил следните, многу интересни информации кои ни говорат дека овие несреќни луѓе не ги убил овој млад дечко туку авионската компанијата која се обидува да го сокрие злосторството. Тој го напишал следново:

Дали се чуствувате вистински и целосно информирани во врска со урнатиот германски авион на  Germanwings? НЕ? Ако е така тогаш сте и вие како и останатите граѓани на светот. Иако постојат отворени прашња кои воопшто не се споменуваат за Germanwings копманијата на Луфтханса, многу луѓе во светот напросто се збунети и го поставуваат прашањето како она, што е тоа што го кријат од нас?

Во четвртокот се одигра и вистинска прес конференција за можната причина за падот на авионот. Но, знаковито е дека после неа сме еднакво паметни како и порано. Односно не сме. Постојат многу отворени прашања, а кои се очигледно табу. Единствениот впечаток кој се остава после оваа несреќа е тој дека воздушниот сообраќај би требало систематски да се избегнува.

Првото прашање: зошто вистината за црната кутија која наводно содржи важни информации за чукањето на едниот пилот на вратата на кокпитот не излегоа од германски, француски или шпански медиуми туку од американски? Каква врска имаат нивните истражувачи со тоа?

Зошто германските медиуми препишуваат од Њујорк тајмс? Зошто се однесуваат како кукли, а не како истражувачи, бидејќи е во прашање германска компанија? Зошто Американците веќе знаеле за она што се наоѓа во официјалната евиденција? Светските медиуми оставија впечаток дека германското население е намерно одведено на друга страна од приказната, но се поставува прашањето зошто?

Друго прашање е: Зошто ниту еден германски новинар на прес конфернацијата не го постави прашањето за безбедносните проблеми на невротоксините во врска со контаминираниот воздух во кабината  (TCP / Aerotoxic sindrom), во авинот на оваа компанија бидејќи тој токсин од претходно е познат како безбедносен проблем на Germanwings.

Имено, пред само неколку недели во јануари оваа година во авионот на Germanwings на лет од Лисабон во Келн во кокпитот се појавиле многу отровни испарувања. Ова е информација која на почитуваниот германски Шпигел излезе само неколку часа после несреќата, но таа информација апосолутно сите ја премолчеа иако е можно, токму оваа информација да е потребна за расветлување на овој случај. Зошто медиумите премолчуваат толку важни информации?

Зошто било какви безбедносни и вселенски експерти доаѓаат и во медиумите како мантра го повторуваат едното исто: немало никакви безбедносни проблеми. А пред само неколку месеци во Германија изби скандал и баш сите медиуми известуваа за невротоксините во авионот. Додека во февруари 2015 еден авион од Germanwings морал поради невротокисните во кокпитот присилно да слета во Лион.

Германските медиуми се прашуваат зошто тоа никој не го спомнува? На што не се сеќавате? Еве се пишуваше за многу опасни проблеми за патниицте, а известувањето за тој проблем траел се до март 2015 година. Зошто медиумите намерно лажат дека не знаат ништо? Авиокомпанијата изгледа е во голем страв. Иако безбедносните проблеми од невротоксините се огромни, не е јасно зошто за тоа никој не известува.

На пример, на 16 февруари, официјални информации за Германвингс беа следниве:

1. Во воздухот на кабината се пронајдени оргaнофосфати, позната невротоксична хемикалија која се користела како пламен во пластификаторот на моторното масло.

2. Патниците на авионот се изложени на тие хемикалии, а што може да предизвика и онесвестување на пилотот и уништување на здравјето.

3. Последиците од влијанието на овој невротоксин на пилотите во лет може да предизвикаат смрт на патниците.

4. Досега не е направен ниту еден воздушен сензор кој би можел да ги мери токисните во воздухот на кокпитот па пилотите не е можно на тоа да се предупредат.

Медиумите премолчеа и дека поради невротоксините во кокпитите на авиони ималу дури 201 инцидент во само една година, и тоа секогаш во авионите на Germanwings. И субјективно, според ова истражување единствено што можеме да заклучиме дека граѓаните на Германија, но и светот намерно се измамени поради можниот колапс на една од најголемите авикомпании во светот која повторно уби свои патници. Бијдеќи, кога тогаш некој ќе мора да одговори на прашањата зошто овие важни информации се кријат? Или пак нема, како што обично се случува. Изгледа како токсичните хемикалии во Germanwings авионите за кој Германија зборуваше во изминатите недели дена кои според официјални информации можат да ги усмртат патниците поради несвеста на пилотот може да го објаснат она што се случувало во француските Алпи, но исто така изгледа дека уиграните медиуми нешто такво намерно го премолчуваат.

Веруваме дека на сите им е интересна верзијата дека 28-годишен млад дечко го урна авионот и ги уби патниците поради некоја караница, доволно интересна сите да заборават на вистината, и прашања за авиокомпанијата Луфтханса повеќе никогаш да не се поставуваат!

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков