26 Април, 2024
0.0272

Дали поделба на Косово ќе предизвика војна?

Објавено во: Балкан 20 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Косовските и српските политичари се со различни мислења за тоа дали поделбата на Косово може да доведе до војна. 

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај се спротивстави на идејата за размена на територии со Србија и даде силно предупредување. Тој изјави дека за него тоа значи војна.

„Поделбата за мене значи војна, јас тоа го кажувам без двоумење и ризично е да се зборува за поделба“ - вели Харадинај, зборувајќи за прашањето за размена на територии, односно за поделба на Косово која во јавноста ја изнесе Љутви Хазири.

Рече дека секој што спомнува поделба ќе донесе трагедија на Балканот.

 „Не е добро да се спомнува поделба. Секој што спомнува поделба, од која било причина, ќе донесе трагедија на Балканот“- кажа Харадинај.

Тој како што пренесува Коссев, кажа дека во овие услови не постои поделба, ниту размена на територии, бидејќи ситуацијата е загрозена.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ кажа дека се надева дека нема да им војна и дека ќе се најде решение за Косово.

Но,  како што истакна, секое одолговлекување би имало негативни последици по останатите прашања.

Коментирајќи ја изјавата на Харадинај дека ќе дојде до војна, ако има поделба на територијата, Вучиќ кажа дека тоа не е ни прв ни последен пат, и изрази надеж дека никогаш нема да дојде до војна, туку дека ќе се најде некакво решение.

„Бидејќи ги слушаме изјавите на Хашим Тачи, невозможно е да зборувате и да барате сѐ и да велите чекаме договор. Не е договор ако ни кажувате – сѐ е наше, а вие само признајте нѐ. Така договор нема да има“- изјави српскиот претседател.

Вучиќ повтори дека договорот е многу важен.

„Знам дека на луѓето им е тешко, дека најмногу сакаат никогаш ништо да не се договори, да се одолговлекува, но не може да се одолговлекува, бидејќи околу другите прашања ќе бидеме во сѐ потешка и послаба ситуација“- кажа Вучиќ.

Истакна дека е важно да се зачува мирот, да оди земјата напред, но и да се бара решение кое нема да го извалка образот на Србија и ќе ги задоволи државните и национални интереси, па дури и да е делумно незадоволувачко.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)