19 Мај, 2024
0.0319

Дали пожарот кај Требовље е подметнат?

Објавено во: Македонија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Има индиции дека некој околу хидроцентралата Козјак нешто потпалувал. Тажно и жално е некој да потпалува, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу за неколкудневниот пожар кај село Требовље кај Македонски Брод. 

Тој обвини дека поради несоработка  со некои лица од локалната самоуправа, пожарот брзо се проширил.

„Десет луѓе го напуштија местото, мислеа дека треба да седат до 12 часот и се повлекоа. Ги молев да се вратат, но за жал не прифатија, бидејќи биле од локалната самоуправа и го напуштија местото. Тогаш пожарот се префрли од левата страна и постоеше опасност да изгори и селото. Наредив да се направи бедем на тој дел од селото“ – изјави Салиу на прес-конференција.

За пожарите во овој регион синоќа расправаше и Владата.

Поради пожарите беше свикан и управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално