Добивај вести на Viber
Искрено денес тешко дека некој добива покачување, но ако молчите и не превземате ништо, тогаш сигурно шефот нема да ви го понуди тоа.
Кога е право време да побарате покачување?
Прво, некое непишано правило е да сте вработен во една фирма барем 1-2 години. Истражувањата покажале дека најдобар период за да барате покачување е Октомври. Зошто? Затоа што, од Октомври до крајот на Декември секоја компанија почнува да го припрема буџетот за следната година. А ако вашето барање е задржано и вие сте способен за работата, тогаш сигурно ќе ве имаат во предвид.
Колку да барате да ви се покачи платата?
Сепак ова е повеќе индивидуално, зависи од работодавецот и вработениот. Секако бидете разумни, ценете се, но бидете до некаде скромни. Ако прв пат барате покачување, тогаш почнете со 10% плус од вашата плата, понатаму зголеметена 20%, а потоа максимум 50%.
Како да преговарате?
Прво добро размислете зошто сакате покачување, дали тоа е заслужено, дали може да го добиете, немојте да се бламирате и на крај да бидете кловн на работното место. Дадете предлози, мислења, факти. Предложете разумни решенија, посочете ги вашите квалитети, влогови во компанијата, придонеси и се она што ќе го направите ако ве мотивираат.
Фолирајте, но бидете самоуверен и застанете цврсто зад вашите ставови.