Дали Скопје и Софија ќе постигнат договор за Гоце Делчев?
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019
Несогласувања се појавија меѓу македонската и бугарската страна околу ликот на револуционерот Гоце Делчев.
Ако бугарската страна инсистира да се напише дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, тогаш нема да биде постигнат никаков резултат во поглед на тоа прашање, вели Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовани прашања, формирана согласно Договорот за доброседство.
Во изјава за ТВ Сител Ѓoргиев изјави дека во македонските учебници Гоце Делчев ќе остане македонски револуционер и никако нема да се прифати тој да биде признаен како бугарски револуционер.
Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева и министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, деновиве изјавија дека Македонија мора да признае дека Гоце Делчев бил Бугарин и се заканија со попречување на македонското членство во ЕУ доколку тоа не се прифати.
Историчарката Наташа Котлар вели дека апостолот на македонската револуционерна борба, Гoце Делчев, е мaкедoнскa истoрискa личнoст и не мoже дa се пaзaрат зa негo.