Добивај вести на Viber
Доколку умеете и сакате да создавате, доколку сте стратег, лидер, имате чувство на одговорност и може брзо да реагирате во кризни ситуации, имате големи шанси да станете бизнисмен.
Но, имајте на ум дека самостојното водење на работата со себе носи бројни ризици и проблеми. Затоа е важно еден бизнисмен сите евентуални грешки или неуспеси да ги доживува како нови предизвици во работењето. Претприемачкиот дух треба да биде посилен од проблемите.
Според експертите, почнувањето и одржувањето на сопствен бизнис воопшто не е лесно и едноставно. Може да се каже дека постојат три основни елементи без кои е невозможно да се води еден успешен бизнис. Тоа се деловните услови кои владеат, ресурсите и тимот кој стои на располагање. Се подразбира дека потребно е да постои силна мотивација за занимавање со сопствен бизнис и одредени предзнаења и искуства.
Работата во сопствената фирма има бројни предности кои може да донесат силно чувство на сигурност, човек да биде сам свој газда, да го искористи својот талент, да вработи членови од потесното семејство и слично.
При избор на работата, посебно е важно пред себе да си поставите одредена цел.
Тоа ќе значи одредување и на обемот на работа, полето на интерес и секако заработката која на крај ќе значи исплатливост на вложеното време и труд.
Работата која ќе ја изберете ќе “узурпира“ голем дел од времето, па затоа потребно е да се направи вистинскиот избор, пред се’ за да чувствувате убаво додека работите.
Кога размислувате околу избор на сопствената работа, во голема мера може да помогне и хобито со кое се занимавате во слободно време.
Повеќе пати се случувало луѓето од своето хоби да развијат сопствен бизнис, на пример, од одгледување украсна живина да направат голема фарма или љубителите на рачните изработки да отворат свои продавници каде ќе може да ги продаваат предмети-производ од нивните вредни раце и креативност.
Голем е бројот на бизниси кои за многу кратко време пропаѓаат, а како најчести причини за тоа е недоволната информираност и познавање на областа во која се впуштате и во која го ги вложувате сопствените пари и време.
Еден сопственик на бизнис, за да успее и да го оствари она што го посакува, треба да има неколку основни карактеристики и тоа да биде:
- Посветен на работата,
- Одлучен, способен и упорен,
- Подготвен на ризиците да им погледне во очи,
- Отворен за нови сознанија, критики и сугестии,
- Флексибилен во однос на промените во неговото окружување.
Посебно е важна поддршката, посебно во финансиска смисла, која доаѓа и од државата, за да може секој невработен да го реши својот горчлив проблем.
За сите оние кои се двоумат дали да започнат свој бизнис, им посакуваме да соберат повеќе храброст, да ги следи среќа, бистар ум и желба за натпревар со диманиката на 21-от век.