Дали утре ќе има ново поскапување на горивата во Македонија?
Објавено во: Економија 05 Април, 2015
Далу утре треба да очекуваме нови цени на горивата во Македонија, кога во светот цената на дериватите поевтинува. Сепак регулаторната комисија утре треба да одлучи за цените на горивата во земјава.
Додека цената на американската лесна нафта поевтини за 52 центи, и во моментов со неа се тргува по цена од 49,57 долари.
Северноморската нафта брент пак поевтини за 50 центи и изнесува 56,60 долари за барел.
Во Македонија пред точно две седмици регулаторната комисија ги промени цените и тоа:
Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 67,50 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 денари по литар.
Додека Дизелот се продава по 53,50 денари за литар.
Дали ќе има евентуално поевтинување или пак поскапување, засега е непознато до утрешната одлука на РКЕ.