21 Мај, 2024
0.0245

Дали знаете како се вика градот со најкратко име во светот?

Објавено во: Стил 03 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Во Норвешка се крие еден преубав град кој сигурно ја носи титулата на град со најкратко име во светот.

Островот Лофтен во Норвешка е едно од најсликовитите места на планетата. Од Норвешкото море се издигаат волшебните глечерски врвови додека самата клима е многу пријатна бидејќи се наоѓа во залив. Многубројните туристи на овие острови секое лето доаѓаат за да уживаат во шетање на преубавите планини, да им се восхитуваат на селата и градчињата и да уживаат во сонцето 24 часа.

Град А

Едно од местата во кои туристите едвај чекаат да одат на Лофтенските острови е „А“, местото со најкратко име во светот. Ваквото име градот не го добил за да се прослави и да привлече што повеќе туристи. Ова име е стар норвешки збор што значи „мала река“. Поради  тоа, верувале или не, во самата Норвешка постојат дури седум села кои го носат истото име „А“.

Патување од точка А до точка Б

Во текот на 2014 година британскиот писател и комичар Пау Пери одлучил да тргне на многу необично патување со велосипед и тоа од точка А до точка Б. Ова подразбира патување од градот А во Норвешка, до местото Би во Небраска.

Секако ова патување подразбира и преминување преку океан со брод.

Пери рекол дека тогаш не возел велосипед, но затоа трчал по бродот. Кога конечно стигнал во Небраска, после три месеци, жителите на градот Би го дочекале и тој ден го нарекле „А до Б ден“.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“