18 Јануари, 2025
0.0267

Дали знаете што се крие во освежувачот во вашиот автомобил?

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Сè повеќе луѓе се жалат на главоболки, вртоглавици и други негативни симптоми кои освежувачите за воздух ги предизвикуваат кога се наоѓаат во автомобилите. Веројатно и вие во својот автомобил имате таков симпатичен освежувач во облик на елка. Првобитната идеја била тој картонски освежувач да го шири мирисот на боровата шума. Меѓутоа, дали некогаш сте се шетале низ борова шума и добиле вртоглавица или гадење? Сигурно дека не. Кога новинарите отишле и прашале за состојките кои се внесуваат во овие освежувачи, од компанијата рекле дека на тоа прашање не смеат да одговорат. Cепак, можеме да ви кажеме кои состојки ги содржат останатите освежувачи. Фталати: Меѓународната организација за заштита на животната средина, NRDC, спроведила студија која покажала дека 86% од испитаните освежувачи на воздух содржат опасни фталати. Фталатите се користат како омекнувачи на пластика, агенси против пенење на аеросоли, се користат за производство на детски играчки, бои, пестициди и козметика. Според истражувањето, овие фталати влијаат на производство на машкиот хормон тестостерон кој се поврзува со репродуктивни аномалии. Ацетон: Познат како крвен, срцев, бубрежен, респираторен и нервен токсин. Значи со други зборови, може да повеќе органи од телото и има широк спектар од непосакувани ефекти. Бутан и изобутан: Да, течност која можете да ја најдете во запалките. Сериозен токсин кој влијае на мозокот и нервниот систем. Течен нафтен гас и нафтен дестилат: Кој воопшто сака да дише воздух “збогатен“ со споменатите состојки? Докажано е дека доколку луѓето долго време се изложени на ваков мирис, се предизвикува вртоглавица и главоболка. Пропан: Токсин на кардиоваскуларниот и крвниот систем, токсин на црн дроб, бубрези, респираторен, кожен и нервен токсин за кој е познато дека е многу опасен. Парфем: Состојка која содржи и до 400 различни токсични состојки, од кои 95% потекнуваат од нафтени деривати. Бензен: Познато е дека предизвикува леукемија кај луѓето.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ