19 Мај, 2024
0.0513

Данев: СДС ветија и излажаа 200 евра социјална помош

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека иако сме ноември месец, цели 6 месеци откако СДС е на власт не остварија ниту едно ветување. Ветија и излажаа 200 евра социјална помош за социјално загрозените.

Ветувањето за социјална помош од 12.000 денари е чиста предизборна манипулација на СДС. Помина цела една година откако Зоран Заев им вети и ги изманипулира граѓаните дека сите семејства кои немаат никакви приходи ќе добијат социјална помош од 12.000 денари. 

„Заев дополнително ветуваше дека сите семејства кои имаат некаков приход, државата ќе им надополни до 12.000 денари. За сега цела една година подоцна граѓаните да воочат дека Зоран Заев ги изманипулирал. Предлог буџетот на Владата за 2018 година не предвидува покачување на социјалната помош. Нема ниту денар повеќе за покачување на социјалната помош. Најобемниот буџет во историјата на државата од енормни 3.5 милијарди евра нема средства за покачување на социјалната помош, но затоа има средства за покачување на ставката за патни и дневни расходи за 5.2 милиони евра. Граѓаните и државата се жртва на неодговорната политика на СДС. Граѓаните се излажани и изманипулирани. Нема пари за социјална помош, нема пари за развој. Ветуваа социјална држава со грижа за сите, добивме влада која се задолжува за луксуз и раскош за потребите на партиската врхушка“ - вели Данев. 

Доколку Влада формираше ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше континуирано покачување на социјалната помош за 10.6% годишно, односно во текот на целиот мандат истата ќе се зголемеше за 50%. Доказ за тоа е оствареното од минатото, имено од 2006 до 2016 година истата беше покачена за 69%“, изјави  Данев.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места