ДАРКО ЛАЗИЌ ЗБУНЕТ И ИСПЛАШЕН: По будењето од кома тој се однесува вака
Објавено во: Стил 02 Ноември, 2018 12:45
Пејачот Дарко Лазиќ кој во минатиот вторник доживеа сообраќајна несреќа по која му се констатирани бројни повреди , дури пред три дена излезе од кома а веќе е свесен каде се наоаѓа и што всушност му се случило.
Дарко е буден и свесен, офка и има болки, а сестрите од време на време му даваат седативи.
Кога нивното дејство ќе попушти, на интензивната нега каде лежи се слушаат негови лелеци. Дарко спие, помалку зборува и е потресен поради што се што се случило. Изгледа дека тој сега е свесен за состојбата во која се наоѓа и која му се случила. Му следи долго опоравување и првите моменти сигурно не му се лесни што се гледа по неговите реакции. Збунет е и исплашен-вели извор од болницата.
Откако го разбудиле од вештачка кома, лекарите во КБЦ Земун чекаат состојбите со внатрешните органи на Дарко да се стабилизираат. Како што рекол докторот од болницата, организмот на Дарко е многу силен и оздравувањето се препишува на неговата младост.
-Многу е подобар овие денови, млад е и затоа опоравувањето оди се подобро и подобро. Белите дробови веќе не ни прават компликации , ние чекаме состојбата со внатрешните органи да се стабилизира, а откако ќе се случи тоа тој ќе се врати во добра состојба, Организмот е многу силен-рекол докторот.
Полицијата во болница: Кои казни му се закануваат на Дарко Лазиќ читајте на Женски магазин, тука.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





