01 Септември, 2024
0.0349

Дебар ќе вложи 59 милиони денари за патна инфраструктура

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

59 милиони денари планира да вложи општина Дебар годинава за подобрување на патната инфраструктура, согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици.

За изградба и надградба на улици во градот се планирани 42 милиони денари.

- Од нив, 15 милиони ќе бидат потрошени за поплочување на главната улица и тоа од делот кај градскиот амам до Пензионерскиот дом, 8,5 милиони денари за изградба на тротоар на патот покрај езерото, осум милиони за изградба на споредни улици во градот, додека останатите средства за иградба на споредни и надградба и реконструкција на пет улици во градот, изјави Петрит Пачуку, раководител на Секторот за урбанизам. За изградба и надградба на локални патишта планирани се 11 милиони денари. Од нив, пет милиони се наменети за надградба на дел од локалниот пат до селото Могорче, три за изградба на дел од локалниот пат за село Долно Косоврасти и два милиони за изградба на дел од патот кон село Бањиште.По 500 илјади денари се планирани за изградба на дел од локалните патни правци за селата Џепиште и Отишани.

За зимското одржување на локалните патишта и улици во градот и во селата ќе бидат потрошени 1,5 милион денари, за крпење на ударните дупки два милиони денари и исто толку за поставување вертикална и хоризонтална сигнализација, како и 500 илјади денари за изготвување проекти и студии.

Можеби ќе ве интересира

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати