01 Септември, 2024
0.0319

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

Објавено во: Македонија 31 Август, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА ЗА НАБАВКА НА АВТОБУСИ

Премиерот Христијан Мицкоски нема да набави 250 автобуси како што побара скопската градоначалничка, Данела Арсовска во писмото. 

Мицкоски не го прифати барањето на градоначалничката Арсовска тој да набави 250 автобуси затоа што советниците во градскиот совет не го дозволуваат тоа. Од Владата ѝ порачаа прво да почне да си ги плаќа ратите за автобусите од мандатот на претходникот Петре Шилегов и да го исплати долгот кон приватните превозници.

Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани, велат од Град Скопје, откако од Владата соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски нема да излезе во пресрет на барањето на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на автобуси. Оттаму ја повикаа Арсовска да почне да си ги врши обврските. Од Град Скопје велат дека Мицкоски само сака да создаде конфликт. 

ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НАЈАВИЈА РЕДУЦИРАН ПРЕВОЗ

Oд понеделник приватните превозници нема да возат во Скопје со целосниот возен ред. 

Тие одлучиле да воведат редуциран сообраќај, при што на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус само еднаш во денот, наутро или навечер. Тоа значи дека од понеделник на скопските улици ќе има 150 автобуси помалку. 

Се решиле на ваквиот чекор поради долгот на Град Скопје кон приватните превозници во висина од 2 милиони евра, како и неиспoлнeтото ветување за зголемување на тарифникот.

НАЈАВЕН СОБИР ПРЕД МОН, НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ

Јаким Неделков вели дека СОНК утре нема да учествува на никакви протести.

Претседателот на СОНК, Неделков по повикот на СДСМ за собир на наставниците утре пред Министерството за образование на социјалните мрежи објави статус во кои вели дека СОНК како најголем синдикат за образование и наука нема да учествува на никакви партиски организирани протести.

Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка од пет милијарди. 

ВО ШТИПСКО НОВО СЕЛО Е ПОДИГНАТ СПОМЕНИК НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Во штипско Ново село по повод 100 годишнината од загинувањето за Тодор Александров, македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО е подигнат споменик, а иницијативата дојде од патриотското здружение „Мише Развигоров“ за што позитивно се изјасни и советот на локалната самоуправа.

„Целта на убиството на Тодор Александров била да згасне идејата за независна суверена Македонија. Ние,  после сто години од неговата смрт го продолжуваме неговото дело преку поставување на ова спомен обележје. Нека му е вечна славата, нека продолжи борбата за Македонија“, изјави штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

Можеби ќе ве интересира

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат