30 Април, 2024
0.0317

Дебата или „ферка“: Како ќе си ги одмерат силите Героски и Палевски?

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Финалето во Европското првенство во кошарка единствено во Македонија не беше главна тема на социјалните мрежи. Овој голем спортски настан го засени најавениот „судир“ меѓу новинарот Бранко Героски и бизнисменот Љупчо Палевски точно напладне пред кафулето „Манда“ во Скопје. Блиската средба ја договорија тие двајца преку нивните Фејсбук профили.

Значи, утре (понеделник), во 12 часот, ќе бидам пред „Манда“! Ќе почекам кратко Палевски да си го испие кафето и да излезе надвор, да покаже што наумил и што може.ПС. Не сум се тепал од шесто одделение, ама ќе се снајдам некако“, напиша Героски.

На ова Палевски му одговор.

Понеделник 12 часот. Геро ја пијам ФРЕДО у Манда, а ти повели напрај провокација, шуго Гостиварска селска.

Но, како дојде до најавениот настан, кој на социјалните мрежи веќе почна да се нагаѓа дека ќе биде „ферка“ (ферска тепачка, еден на еден)?

Новинарот Героски пред два дена имаше дебата на Фејсбук со поранешниот новинар во МРТВ, Тодор Пендаров, со многу навреди и погрдни зборови кои си ги упатија еден кон друг. Се нарекуваа кодош, платеник, сончоглед, лигуш,се навредуваа кој бил полтрон и за кого работел. Се навратија децении наназад уште во времето кога биле помлади новинари, па се досега.

Пендаров му напиша на Героски дека се фалел дека на „Никола Груевски му се нудел да му помогне во борбата против Љубчо Георгиевски“. На што Героски му одговори: „Таа работа за Грујо и Љубчо ќе ја расправите таа баграта во "Манда".

Пендаров го повика ако е толку храбар да дојде и на „таа багра од Манда“ да и каже и во лице. „Дури можеш да го понесеш и пиштолот деветка за што еднаш јавно се фалеше дека го поседуваш (убеден сум легално)“, напиша Пендаров.

Героски одговори дека пиштолот му го украле, но поканата за Манда ја прифаќа, а му порача на Пендаров таму да биде и главниот брифер.

Во разговорот тогаш се вмеша Љупчо Палевски, кој рече дека едвај го чека Героски пред Манда. Но, и покрај тоа што договорија средба во точно место и време, сепак ситуацијата се вжешти кога се вклучи Палевски и на својот Фејсбук профил напиша:

Доста беше за Герица пљуканица: Кога ќе го сретнам лапа шамар, лично, со селфи. #З

Ова Героски го сфати како закана и соопшти дека го пријавил лично кај министерот Оливер Спасовски, кој му одговорил дека ќе бидат преземени мерки. Палевски му одговори на Героски дека ќе биде во кафулето Манда денес во 12 часот и ќе биде кафе.

Героски вчера дури имаше и подолго обраќање во кое напиша дека и покрај обидите да го одвратат од намерата да оди на договорената средба, сепак тој рече дека не отстапува од одлуката и ги замоли сите кои му се понудија да му помогнат, да го остават сам да ја реши ситуацијата.

„Можеби Палевски, Пендаров и нивното друштво од „Манда“ првично имале намера да ме викнат на „дебата“ (така барем навести Пендаров, за кого навредување, клеветење и плукање е „дебата“), но јас им одговорив дека немам намера со такви луѓе (багра) да седнувам на маса за да „дебатирам“.

Љупчо Палевски е бизнисмен и поранешен партиски функционер на СДСМ. Тој е осомничен од СЈО за поврзаност со објавувањето на приватни телефонски разговори преку јутуб акаунтот „Тесла“. Тој неодамна беше приведен во полициска станица и одведен на распит во СЈО, а во неговиот дом и неговите работни простории беше извршен претрес. Од СЈО засега не соопштуваат што е пронајдено кај Палевски, а тој по распитот не беше задржан во притвор. СЈО најави дека ја продолжува предистражната постапка за овој случај.

Најавениот „судир“ денеска во 12 часот многумина го очекуваат. Некои од сеир, други од зачуденост, трети не веруваат дека ќе се случи. Сепак, и Палевски и Героски рекоа дека ќе бидат на договореното место. Но, дали тие само ќе си ги одмерат силите со очите или можеби ќе дојде до физички контакт ќе биде јасно за неколку часа.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот