26 Јуни, 2024
0.0296

„ДЕБЕЛИТЕ“ ПЛАТИ ЛЕГНАА НА МИНИСТЕРСКИТЕ КОНТА, НО НЕ И НА ВЛАДИНАТА ВЕБ СТРАНА - функционерите молчат, јавноста уште не знае колку земаат „по ново“

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

„Премиерот Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари, а првиот вицепремиер Артан Груми работи за 70.478 денари“.

Се разбира дека ова не е точна информација, односно беше вистинита се до крајот на претходниот месец.

Сега, или попрецизно од почетокот на мај, премиерот, вицепремиерите и другите владини министри добиваат многу поголеми примања, кои практично стартуваат од априлската плата, откако така „пресече“ Уставниот суд, одмрзнувајќи ги платите на државните функционери.

Сепак, од Владата сеуште не сакаат да ги објават точните плати на членовите на владиниот тим, туку напротив, во делот за Отворена Влада, има стари податоци за примањата на владините функционери.

Фактор ја праша Владата зошто на нејзината веб страна се уште не се објавени новите плати на премиерот и на министрите, иако тие се зголемени и функционерите на своите конта веќе ги примија зголемените плати, и дали е тоа транспарентноста за која се залага Владата.

Секако, се интересиравме и колкави плати земаат сега премиерот и министрите.

„Во врска со Вашите прашања Ви посочуваме дека коефициентите на функционерите за утврдување на надоместокот на плата и на платата се определени со Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица“, ни одговорија од Владата.

Оттаму исто така информираат и дека Владата работи на изработка на нов Закон за плати во јавен сектор, во којшто, како што велат, ќе се предвиди структуриран и конзистентен пристап во пресметка и исплатата на плати на сите вработени во јавен сектор и на избрани и именувани функционери во државата.

„Ве потсетуваме дека Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува со оглед на тоа дека одлуките на Уставен суд се конечни. Досегашното ‘замрзнување’ на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува.

Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд, со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството“, објаснуваат од Владата.

Натаму, во својот одговор од Владата и укажуваат дека платата за функционерите, како и за вработените во Владата, ја изготвува Службата за општи и заеднички работи.

Исто така, од Владата велат и дека „во тек е ажурирање на податоците на именуваните лица на Владата на Република Северна Македонија за висината на платата на функционерите, по што јавноста ќе биде информирана“.

Нема детали кога ќе бидат ажурирани податоците на владината веб страница.

Во меѓувреме, неофицијалните сознанија говорат дека министерските плати со зголемувањето ќе изнесувале меѓу 110 и 115 илјади денари, и дека во тоа улога играл прецизниот начин на пресметка. 

Во петокот, пак, министрите не беа расположени да и кажат точно на јавноста колкави се нивните плати.

Првиот вицепремиер Артан Груби, на новинарско прашање за тоа колкава му е платата што сега ја добива, одговори дека добро е тоа што одлуката на Уставен суд да се „одмрзне“ зголемувањето на платите на функционерите не е ретроактивна, бидејќу во тој случај ќе требало да им се исплати и она што не го добивале во изминатите 12 години.

„Добро е што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука. Затоа што, ако не се лажам од 2011 е замрзнат коефициентот и во однос на платите нема ништо незаконски, туку станува збор за претходна неуставна одлука за замрзнување на коефициентите од 2011. И дорбо е што не донесе одлука да важи ретроактивно и би значело дополнителна исплата за 12 години“, рече Груби.

Груби на пресот кажа и дека земал најмала плата меѓу колегите, и покрај зголемувањето на платите на функционерите.Тој не сакаше да ја каже висината на неговата плата.

„Значи сите се различни, а гледам дека мојата е најмала во однос на останатите вицепремиери и премиерот. И исто така е помала од моето претходно работно место, но е согласно законот и навистина е добро што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука“ рече Груби.

На инсистирање од новинарите сите присутни на прес-конференцијата да си ја кажат платата, имаше реакција од Бектеши.

„Не сме на училиште да ти кажеме сите, ќе се обратиш на Влада и ќе ти кажат“, рече Крешник Бектеши.

Министерот за финансии, пак, Фатмир Бесими единствено што кажа е дека дури 1.600 функционери ќе имаат зголемени плати.

„Се работи за 1.600 функционери. Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, директори. Многу широк опфат“, рече Бесими.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели