19 Јануари, 2025
0.0304

Дебрани не треба да се грижат – ЕЛЕМ гарантира дека „Луково Поле“ ќе се реализира според најстрогите еколошки стандарди

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Проектот „Луково Поле“ денеска, во просториите на локалната самоуправа во Дебар, ги собра на едно место претставниците на Светска банка, ЕЛЕМ, на неколку министерства и претставниците на дебарската локална власт и на граѓански организации. Целта на средбата беше да се доближи проектот до жителите на општината и да се разговара за сите проблеми и евентуалната загриженост на населението во регионот за влијанието на Луково Поле врз животната средина. Претставниците на ЕЛЕМ потврдија дека проектот „Луково Поле“ ќе се реализира според најстрогите еколошки стандарди и оти со негова реализација Република Македонија дополнително ќе ја намали увозната зависност од електрична енергија и истовремено ќе ја заштити животната средина со зголемувањето на уделот на обновливите извори и намалување на користењето на фосилни горива. - Акумулацијата Луково Поле и Корабскиот довод ќе обезбеди собирање вода од корабското сливно подрачје што ќе се користи за производство на дополнителни 125 Gwh електрична енергија на годишно ниво од постојните хидроелектрани во Мавровскиот систем (Вруток, Врбен и Равен). Во тек е изработка на идеен и основен проект за изградба на акумулацијата, а паралелно во завршна фаза е и изработката на Студијата за оценка на влијанието врз животна средина и социјалните аспекти, изјавија преттавниците на ЕЛЕМ нагласувајќи дека оваа комуникација ќе придонесе кон поквалитетно довршување на проектите и студијата. Идејата за овој значаен проект како дел од хидроенергетскиот систем „Маврово“ започнува уште во 1939 година, а главниот проект е изготвен во 1988 година. Во изминатиот период, главниот проект беше надополнет и усовршен. Проектот, како што беше речено, е во согласност со меѓународните конвенции за води. Причина за загриженост од евентуални влијанија врз животната средина не треба да постои, бидејќи проектот е во законски рамки и сите превземени активности се во насока на реализација на квалитетен проект од јавен интерес за кој се запазени постојните еколошки стандарди согласно строгите меѓународни директиви.  

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ