Добивај вести на Viber
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска свечено предаде на користење две нови детски забавни игралишта.
Првото е донација од компанијата Цементарница Усје – Титан и е поставено на улицата „Малешевска” во населбата Драчево. Вториот забавен парк се изгради во населбата Усје и е инвестиција на општината Кисела Вода.
Детските игралишта се опремени со лулашки, лизгалки, клацкалки, мост и други детски реквизити, а поставена е и урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци за посетителите.