ДЕЧЕВ ЗА ФАКТОР: Контроверзните прашања треба да бидат тема на дебата, така ако започне Каракачанов може да бидe вишок
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2021
Стефан Дечев, бугарски историчар и професор за Фактор изјави дека во догледно време во Бугарија нема да има промена на позицијата кон Македонија.
Вели дека според распоредот на сили кој се очекува во идниот бугарски Парламент, промени нема да има во односот кон нашата земја. Дечев додава дека ако Слави Трифонов влезе во Парламентот како што се очекува, тој има консензус со оваа политика која сега се води.
„Не мислам дека ќе има брза и ненадејна промена по изборите. Да не заборавиме дека зад оваа политика стои парламентарен консензус од 2019 година. Покрај тоа, една од вонпарламентарните партии, која најверојатно ќе влезе во Парламентот по изборите на почетокот на април, на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ не се разликува од овој консензус. Самиот Слави Трифонов и неговите сценаристи во последните 20-30 години многу помогнаа да се создаде пост националистичко и великобугарско разбирање како Живковото за Македонија и минатото со Македонија. Постојат некои разлики во позицијата на коалицијата Демократска Бугарија. Некои од нејзините истакнати претставници не се согласија со Рамковната позиција во октомври 2019 година. Но, само „Демократска Бугарија“ не може да биде доволна за промена на владината политика. Сè уште не е познато каква ќе биде судбината на ВМРО на Каракачанов и дали тие ќе влезат во Парламентот. Тие во моментов се на работ. Накратко - не може да има решителна промена во бугарската политика кон Македонија во догледно време“, рече Дечев.
За историските спорови, вели дека ако има вистински експерти од обете страни, со модерно историографско размислување, со алатки од денешната историја, општествените науки и хуманистичките науки, можно е решение.
„Но, како што Бугарите и Македонците со децении учеа за Гоце Делчев, Самуил и за други на училиште и од разни патриотски медиумски програми, тоа ќе биде многу, многу тешко. Контроверзните историски прашања треба да се појават и да бидат теми за дебата, отворена дебата во бугарските и македонските медиуми, а не да бидат затворени во комисија. Но, ако тоа започне, Каракачанов и Мицкоски може да бидат вишок и тие сигурно не го сакаат тоа“, додава Дечев.
Македонија не ги започна преговорите со Европската Унија поради блокадата од Бугарија. Секојдневно бугарски политичари упатуваат провокативни изјави кон Македонија. Воедно се спори ликот на револуционерот Гоце Делчев.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.