25 Ноември, 2024
0.0264

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Косовскиот снабдувач со електрична енергија на македонскиот пазар „Футуре Енерџи Трејдинг“ е пред суспензија. Ваква одлука за опомена во петокот донел националниот оператор на пазарот МЕМО.

„Футуре Енерџи Трејдинг“ е една од компаниите кои влечеа струја од системот на МЕПСО за време на енергетската криза и потоа му останаа должни на националниот оператор кој го организира преносот на електрична енергија во земјата.

Опомената е поднесена на барање на МЕПСО, а причината е „нерегулирана балансна одговорност“. Косовска компанија има само неколку дена рок да го испочитува договорот со МЕСПО, во кој има и анекс од декември 2022 кога на приватните фирми должници им беше одобрена можност да го плаќаат долгот на рати.

„ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС без регулирана балансна одговорност го губи правото за учество на Пазарот на електрична енергија согласно член 20 став (4) точка 7) од Правилата за пазар на електрична енергија.

Согласно член 28 став 4 од Правилата за пазар на електрична енергија во рокот зададен за отстранување на причините на Опомената (28.11.2024 година), потребно е учесникот на пазар на електрична енергија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС да ја регулира балансна одговорност во спротивно на ден 29.11.2024 година, а согласно член 28 став (6) од Правилата за пазар на електрична енергија, ОПЕЕ ќе донесе Одлука за суспензија на ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС“, гласи решението за опомена пред суспензија на МЕМО.

Инаку и самиот државен ревизор лани констатираше дека снабдувачи недозволеното презеле електрична енергија од електропреносниот систем, а АД МЕПСО во меѓувреме потпишал договори за репрограмирање на нивните доспеани, а ненаплатените долгови. Во декември 2022 година, побарувањата по основ на склучени договори за репрограмирање за повлечена електрична енергија од електропреносниот систем изнесуваа 883.802 илјади денари или над 14 милиони евра, при што во ревизорскиот извештај се укажува дека постои ризик и неизвесност од нивна наплата. Последната информација лани беше дека снабдувачите по две години платиле само 30 отсто од долгот. За актуелната власт, а тогашна опозиција, овој долг практично веќе е отпишан и Обвинителството треба да се позанимава со случајот.

„Футуре Енерџи Трејдинг“ во последните две години оствари солидна добивка. Во 2022 на продадена струја од 24 милиони евра, заработи повеќе од 900.000 евра, а во 2023 на приходи од 11,5 милиони евра, има добивка од 650.000 евра.

Оваа компанија на МЕПСО, според објавените должнички фактури за 2021, на националниот оператор на системот за пренос на електрична енергија му била еден од најголемите должници со 298.624.967 денари, односно безмалку 5 милиони евра. Компанијата со седиште во Тетово и во 2022 направила огромни негативни отстапувања со 19.636 мегаватчасови преземени од МЕПСО.

МЕМО летоска веќе суспендира и му забрани да продава струја на Мист Енерџи (сега Блесм Поуер Плус), уште еден голем неплаќач и должник на МЕПСО.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа