20 Декември, 2025
0.5671

Дефинитивно ќе се гради нов Државен архив, дотогаш ќе се спасува што може

Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 07:40

Добивај вести на Viber

Притисокот кој го направија вработените во Државниот архив кои велеја дека без документација нема нација очигледно вроди со плод бидејќи веќе и официјално е одлучено решение за сите проблеми на оваа институција да биде изградбата на нова зграда каде ќе се сместат како вработените, така и обемната документација која е од исклучително значење за македонската држава.

„Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе  предлог – решенија за решавање на овој прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив. Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов“, соопштија од Владата.

Државниот архив претрпе големи штети за време на поплавите и обилните врнежи од дожд во новата зграда на Археолошкиот музеј лоциран на кејот на Вардар и се крена голем аларм дека се уништени многу стари и битни документи. Вработените посочија дека преселувањето на оваа институција од претходната зграда лоцирана во кругот на судот е огромна грешка бидејќи тие простории биле посоодветни со идеално обезбедување и максимални услови за функционирање на еден архив. 

Бидејќи старата зграда е пременета за потребите на јавното обвинителство, експертите сметаат дека нема друго решение освен да се изгради нов државен објект наменет за архивот кој според првичните проценки би чинел околу 10 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти