Добивај вести на Viber
Денеска на улицата Македонија беше отворено деветтото издание на „Деновите на македонскиот мед“. На манифестацијата, која ќе биде отворена до сабота, ќе се претстават производители од цела Македонија и ќе ги престават своите производи.
Според најавата, поставени се 30 штандови на Улица Македонија, каде можат освен што може да се купат, дозволно е и дегустирање на пчелини производи.
Манифестацијата ја отвори заменик-министерот за земјоделстсво, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој истакна дека ќе ги поддржуваат пчеларите, за што од нив бара квалитетен мед.
Како организатори на манифестацијата се здружението „Матица“ и Федерацијата на фармери на Република Македонија, додека покровител е Општина Центар.
„Не залудно е речено дека медот е храна на боговите. Ми причинува особено задоволство да ја отворам оваа манифестација која треба да ја одржи традицијата за презентирање на пчелните производи“. , изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
Во 2006 година имало 57.000 пчелни семејства, а денеска 108.000.