Дејвид Гир за „Цар Борис Трети“: Не сум компетентен за историски прашања
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022 10:43
Евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир, дипломатски избегна да даде конкретен одговор за своето мислење околу трендот на отворање на бугарски културни клубови низ земјата кои носат имиња поврзани со фашистичкото минато.
Гир рече дека не е компетентен по ова прашање и дека Македонија и Бугарија треба да негуваат односи на заемно почитување и разбирање.
- Земјата има позитивно досие за добрите односи помеѓу заедниците, а во тие односи да се промовира заемно разбирање и почит. Но, не сум компетентен за прашања поврзани со историја, рече амбасадорот на ЕУ на новинарско барање да даде коментар за отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Ова Гир го изјави за време на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ по повод извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Маричиќ рече дека претставници на Владата веќе го осудиле чинот на отворањето на клубот во Охрид.
- Има редовна комуникација помеѓу двете министерства за надворешни работи, како контакт-точки за имплементација на протоколот за говор на омраза, рече вицепремиерот.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




