Добивај вести на Viber
Во периодот од 8.30 до 12 часот утре, без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Сава Ковачевиќ“ и „1“ кај фабриката „Прогрес“ во општина Кисела Вода. Во истиот период, без струја ќе бидат жителите од улиците „Саса“ и „1“ во населбата Пинтија.
Без електрична енергија утре од 9 до 15.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“ во општина Карпош. Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Копаница, а од 8 до 15.30 часот корисниците од булеварот „Партизански Одреди“, згради бр. 70Б и 70В.
Прекините се заради инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.