Добивај вести на Viber
За утре( 15 август) Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење во дел од Радишани. Како што стои во соопштението, корисниците од улиците Радишанска од првиот до третиот влез од левата страна, како и улиците 5, 7 и 9 од 9 часот ќе осттанат без вода се додека се санира дефектот.
Причината за прекинот е уличен дефект на цевка од ф-250 мм, а екипите ќе почнат да работат и ќе ја исклучат водата во 9 часот.