Деловен појадок на ССК со економскиот владин тим
Објавено во: Економија 27 Мај, 2013
Денеска сојузот на стопански комори ќе се сретне со претставници на владата на традиционален деловен појадок за своите членки. А според најавите на исиот ќе се појават повеќе од 200 членки на ССК.
Сите ќе имаат можност да дискутираат за значајни теми од економска природа, со цел да го подобрат секојдневното работење.
Ќе бидат презентирани и резултатите од нивните предлози што ги спроведоа државните институции во секоја гранка од бизнис секторот.
Се очекува Комората да предложи нови мерки и барања за да се зголеми ликвидноста на компаниите и да се подобри деловното опкружување