Добивај вести на Viber
Делови од Ѓорче Петров,Долна Матка, Копаница и Бардовци утре ќе имаат прекин во снабдувањето со струја поради зафати на електродистрибутивната мрежа од ЕВН Македонија. Како што јави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, од 9.30 до 11 часот струја ќе немаат корисниците на улицата 6 во Бардовци.
Во периодот од 9 до 15 часот, прекини ќе има за жителите од улица Ѓорѓи Казепов во населбата Ѓорче Петров, како и кај дел од викендичките во Долна Матка, потоа горниот дел од село Копаница и корисниците на улица 20, повторно во Ѓорче Петров.
Како што јавуваат од ЕВН Македонија, зафатите имаат за цел да го подобрат снабдувањето со струја во овие реони.