Добивај вести на Viber
За утре во неколку скопски општини РЦУК на град Скопје најавува прекини во снабдувањето со струја. Така, поради интервенции во мрежата од екипите на ЕВН Македонија, од 9 до 13 часот прекини ќе има на улица 1, во село Буковиќ во Сарај. Од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците на улицата Лука Геров во Ѓорче Петров односно броевите од 20 до 60.
Во периодот од 8.30 до 15 часот струја ќе нема на улиците Павел Шатев (поранешна Бихаќка), Томе Арсовски и улицата 474, додека од 9.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците во општина Петровец, поточно селата Живиње, Дивље и Коњари.