Добивај вести на Viber
Повеќе делови од Скопје и околината утре ќе останат без струја поради зафати за подобрување на мрежата, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Според соопштението, во периодот од 9 до 10 часот прекин на струјата ќе има за корисниците од Момин Поток, Криви Дол, Булеварот 8 Септември и дел улицата Скупи во Карпош.
Од 9 до 12 часот прекини во мрежата ќе има на Бул. Февруарски Поход во Аеродром, додека од 9 до 15 часот и на улица Стрезово, дел од село Копаница и дел од селото Сарај.